Advertisement
Guest User

Untitled

a guest
Nov 23rd, 2017
60
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 4.70 KB | None | 0 0
  1. Ќе бидеш ли лицемерен ако кажеш дека парите воопшто не ти значат? Вреди ли воопшто во денешно време да се поставува прашање за значењето на парите?
  2. Парите го вртат светот, а поради тоа што човекот е дел од светот, парите го вртат и човекот. Некогаш го поставуваат на самиот врв, некогаш е најдолу и го газат сите. Секој би сакал да имаат многу пари, но парите ги нема доволно. Затоа и се прават нечесни работи за да се дојде до парите и тоа веќе не е чудно, посебно во местата кои се во финансиска и економска криза. Алчноста за парите под влијание на општеството се јавува многу одамна, речиси постои откако постојат и парите.
  3. Преку романите на реалистите може најдобро да се види состојбата на населението и нивен однос со пари. Во романот Чичко Горио јасно е прикажана слика за тогашното општество, ако се фокусираме на пари може да се каже дека тогашното општество е исто како и денес. Во романот постојат повеќе примери за лицемерство, егоизам, подлост, интриги, предавство и измами но да се задржиме само на дел од сето тоа. Парите успеале да уништат семејство? Да. Можно е, парите се движечка сила која морално го деградира човекот. Горио останал вдовец, останал со две ќерки и бил ,,осуден" самиот да се грижи за нив и да го надополни неприсуството на мајката. Сметал дека тоа ќе успее да го постигне само доколку на ќерките им пруже се што ке посакаат, им купувал скапи подароци, сметал дека со парите ке ја замени мајчинската љубов. Целиот живот имале што ке посакаат но секогаш барале уште, им нашол богати сопрузи, со високи титули во општеството. Силно убеден дека парите можат да купат или пак да заменат љубов, од свои деца прави чудовишта. Ќерките не само што му вртат грб на татко им, тие и меѓусебе не се сакаат. Постојано се натпреваруваат која е побогата, која ќе биде поприфатена во висок круг на општеството и која повеќе ке успее да земе од татко им, иако веќе целото богатство им го оставил тие успеале да му го земат и она малку што го задржал за себе, да има обичен живот. Го оставаат татко им да гладува, а кога ке почине не доаѓаат на неговиот погреб. Вистински пример дека од парите се станува бесчуствително суштество. Сега можеби и не е толкав степен на користољубивост и злоба предизвикана од пари, но ке кажеме само можеби. Ке оставиме времето да си го покаже своето.
  4. За жал постојат луѓе кои би го продале своето ,,јас" за сума на пари која никогаш нема да биде мера за убав живот. Најчесто оние со многу пари гледаат со некоја доза на гадење кон посиромашните, тие се отргнуваат во еден посебен свет. Свет на парите, моќ и глупавата гордост на она што го имаат. Се вели дека луѓето се робови на парите, може ли да се докаже спротивното?
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement