Advertisement
PatrZDZ

Fiktiv North Macedonia - Televizija 24

Oct 24th, 2020
42
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 3.35 KB | None | 0 0
  1. Телевизија 24 (поранешна 24 Вести) e телевизиски канал од Скопје, Македонија. Телевизијата е специјализирана за вести, на која се емитуваат на секој час. Телевизијата е по урнек на големите светски канали каде се емитуваат 24 часа вести, а дел од програмата е од форматот на обработена посветена на документарните емисии. Телевизија 24 во Македонија е достапна преку кабелските оператори и останатите платформи, а и на сателит (Eutelsat 16).
  2.  
  3. Телевизија 24 е прв и единствен целосно информативен канал во Македонија, кој почна да зрачи во етерот на 15 декември 2010 година. Нашата мисија е да обезбедиме точни, навремени и објективни информации за случувањата во земјата и светот.
  4.  
  5. При пласирањето на информацијата се водиме од највисоките етички и новинарски стандарди. Истовремено, нудејќи им на гледачите различен спектар на аналитички гледишта за општествените збиднувања, низ дебати и соочувања на ставовите.
  6.  
  7. Составен дел од програмската шема на Телевизија 24 се информативни, дебатни, едукативни, политички и економски емисии. Вестите се носечки сегмент од нашиот телевизиски производ, кои што се емитуваат во различен формат: од кратки вести (флеш) до централен дневник. Дебатните емисии се емитуваат секој работен ден, во ударен термин. Се обработуваат дневно-актуелни политички, економски, граѓански и спортски теми.
  8.  
  9. Специјализираните емисии од сопствена продукција нудат обработка на теми од еден поинаков аналитички агол. Дел од програмската шема на Телевизија 24 се емисии за економијата, програми со кои се обезбедува директен контакт со гледачите и содржини со образовно-забавен карактер.
  10.  
  11. Документарните филмови и странски специјализирани емисии, кои ги емитуваме во соработка со странски news канали, се дел од нашата стратегија Телевизија 24 да биде вистински прозорец за информации не само за случувањата дома, туку и во светот и секогаш низ високо квалиттна продукција.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement