simov

SP Lab. 3

Oct 28th, 2013
927
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 5.66 KB | None | 0 0
  1. 1. Датум
  2. Од стандарден влез се внесува датум во нумерички формат (3 броја - првиот е ден, вториот е месец и третиот е година). Да се испечати истиот датум во следниот формат: ден(нумерички) месец(текстуално) година(нумерички)
  3.  
  4. При внесување на недозволена вредност за денот да се испечати соодветна порака (на пр., ако се внесе 32 како вредност за ден, да се испечати "Ne postoi 32 den vo nitu eden mesec!").
  5.  
  6. ЗАБЕЛЕШКА: Да се претпостави дека секој месец има по 30 дена. Исто така, да се претпостави дека вредностите што ќе се внесуваат за месецот и годината ќе бидат секогаш валидни.
  7.  
  8. -----
  9. Sample input:
  10. 6 1 1840
  11. Sample output:
  12. 6 januari 1840
  13. -----
  14.  
  15. 2. Парови цели броеви
  16. Да се напише програма во која од стандарден влез прво се внесува еден позитивен цел број z, а потоа повеќепати едноподруго се внесува пар од цели броеви (a, b). Притоа, повторувањето треба да заврши кога корисникот ќе го внесе парот (0, 0). Програмата треба да пресметува колку пати z е еднаков на збирот на внесените броеви a и b, како и колкав процент од внесените парови (a, b) даваат збир z (ЗАБЕЛЕШКА: парот (0, 0) не се зема во предвид при извршувањето на пресметките!).
  17.  
  18. -----
  19. Sample input:
  20. 26
  21. 14 12
  22. 4 23
  23. 5 20
  24. 0 0
  25. Sample output:
  26. Vnesovte 1 parovi od broevi chij zbir e 26
  27. Procentot na parovi so zbir 26 e 33.33%
  28. -----
  29.  
  30. 3. Производ на цифри деливи со 3
  31. Да се напише програма коjа од даден опсег на природни броеви (почетокот и крајот на опсегот се читаат од стандарден влез) ќе ги оптечати на стандарден излез сите броеви чии што производ на цифри деливи со 3 е поголем од 5 и е делив со 4 . На крај ќе го отпечати и вкупниот број на вакви броеви.
  32.  
  33. (Пр. ако е даден бројот 6759, ќе ги помножите 6 и 9, бидејќи само овие две цифри се деливи со 3. Производот од 6 и 9 (54) ќе проверите дали е делив со 4.)
  34.  
  35. -----
  36. Sample input:
  37. 100 200
  38. Sample output:
  39. 166
  40. 1
  41. -----
  42.  
  43. 4. Најголем збир на делители
  44. Од стандарден влез се чита еден природен број n. Меѓу природните броеви помали од n, да се најде оној чиј што збир на делителите е најголем. При пресметување на збирот на делителите на даден број, да не се зема во предвид и самиот број.
  45.  
  46. (Ако n = 10: Делител на природниот број 1 е 1, збирот на делителите е 1; Делител на природниот број 2 е 1 (не го земаме во предвид 2), збирот на делителите е 1; Делител на природниот број 3 е 1 (не го земаме во предвид 3), збирот на делителите е 1; Делители на природниот број 4 се 1 и 2 (не го земаме во предвид 4), збирот на делителите е 1+2=3; Делител на природниот број 5 е 1 (не го земаме во предвид 5), збирот на делителите е 1; Делители на природниот број 6 се 1, 2 и 3 (не го земаме во предвид 6), збирот на делителите е 1+2+3=6; Делител на природниот број 7 е 1 (не го земаме во предвид 7), збирот на делителите е 1; Делители на природниот број 8 се 1, 2 и 4 (не го земаме во предвид 8), збирот на делителите е 1+2+4=7; Делители на природниот број 9 се 1 и 3 (не го земаме во предвид 9), збирот на делителите е 1+3=4; Според тоа, најголем збир на делители има бројот 8.)
  47.  
  48. -----
  49. Sample input:
  50. 10
  51. Sample output:
  52. 8
  53. -----
  54.  
  55. 5. Скриени броеви (задача од ланскиот колоквиум)
  56. Од стандарден влез се читаат знаци (од некој текст кој се состои од различни знаци) се додека не се прочита точка. Во таквиот текст се скриени неколку ненегативни цели броеви (помали од 100). Да се направи програма која ќе ги прочита сите знаци и на излез ќе го отпечати збирот на сите броеви скриени во текстот.
  57.  
  58. -----
  59. Sample input:
  60. Weiur23j sdlkj22lkadad 21kjs 20sdkjsd.
  61. Sample output:
  62. 86
  63. -----
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment