Advertisement
deko96

Панонски Легенди

May 31st, 2015
262
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 23.93 KB | None | 0 0
  1. 1.Како се викал и каков чин имал таткото на Константин? (24)
  2. -Неговото име било Лав и имал чин друнгариј подстратег .
  3. 2.Колку деца имале Лав и Марија? (24)
  4. -Седум деца.
  5. 3.Како се вика најмолото,седмото дете? (24)
  6. -Константин Филозоф
  7. 4.Како уште е наречена смртната постела? (24)
  8. -На Суд божји
  9. 5.Кој се сметал за идеален владетел на сите христијани?(24)
  10. -Византискиот цар
  11. 6.Каков сон сони Константин и на колку години?(24)
  12. -Сонот го сонил на седум години.Сонил сон каде стратегот му понудил избор на една девојка која ќе му биде како жена и помошничка.Тој ја избрал најубавата,нај накитената,со светло лице,чие име било Софија-мудрост.
  13. 7.Кој бил Плакид?(25)
  14. -Личност од источна историска легенда .
  15. 8.Откако увидел дека животот е исполнет со жалост наместо со радост,со што се зафатил Константин? (25)
  16. -Тој почнал да се занимава со науката.
  17. 9.Чиви книги учел Константин? (25)
  18. -На Григориј Богослов
  19. 10.Константин сакал да има просветител и учител.За кого станува збор? (26)
  20. -За Григориј Богослов
  21. 11. Како се нарекувал царскиот управител?(26)
  22. -Логотет
  23. 12.Каде и за колку време ја изучил граматиката(27)
  24. -Во Цариград за три месеци.
  25. 13.Кој науки и кај кого ги изучувал?(27)
  26. -*Лав-геометрија и Хомер
  27. *Фотија-дијалектика и филозофски науки
  28. *реторика,аритметика,астрономија,музика и други елински вештини
  29.  
  30. 14.Што преовладувало повеќе од ученост во неговиот изглед?(27)
  31. -Благост
  32. 15.Каква власт му дал логотетот?(27)
  33. -Му дал власт над својата куќа и дозвола за слободно да оди во царската палата.
  34. 16.Што претставувало предедовска чест?(28)
  35. -Мисли на достоинство на предедото Адам.
  36. 17.Каде сакал логотетот да го испрати Константин?(28)
  37. -Сакал да го испрати на служба,да биде библиотекар кај патријархот во Света Софија.
  38. 18.Кое всушност било Тесно Море?(28)
  39. -Босфор
  40. 19.Каде се сокрил на Тесно Море?(28)
  41. -Во манастир
  42. 20.Што го наговориле да предава и зошто го направиле тоа?(28)
  43. -Го наговориле да земе катедра и да предава филозофија бидејќи не можеле да го присилат да се врати на должноста како библиотекар.
  44. 21.За што учел ересот кој бил покренат од патријархот Јован?(28)
  45. -Учел да не се почитуваат светите икони.
  46. 22.Што се одлучило на соборот?(28)
  47. -Одлучиле Јован да се симне од престолот,бидејќи бил осуден дека учи криво.
  48. 23.Кого испратле царот и патријархот против Јован?(28)
  49. -Го испратиле Филозофот.
  50. 24.Како биле наречени Агарените?(30)
  51. -Сарацени
  52. 25.На колку дела христијаните го разделуваат Бог?(30)
  53. -На три дела.Татко и Син и Свети Дух
  54. 26.Кого пратил царот да им се спротистави на Сарацените,колку години имал тогаш и чив слуга и ученик бил?(30)
  55. -Царот го испратил Филозофот,тој тогаш имал 24 години и бил слуга и ученик на Света Троица.
  56. 27. Што бил асикирит?Кое било неговото име?(30)
  57. -Тој бил дворски секретар,кој го придружувал Филозофот и неговото име било Георгиј.
  58.  
  59. 28.Што имало насликано на вратите на сите христијани?(31)
  60. -Имало насликано демонски ликови.
  61. 29.Во што биле вешти Сарацените?(31)
  62. -Во геометријата и астрономијата.
  63. 30.Како бил создаден човекот?(32)
  64. -Бил создаден на средина помеѓу ангелите и животните,одделен со говор и разум од животните,а со гнев и похотливост од ангелите.
  65. 31.Како Филозофот го одбранил прашањето за тоа зошто Бог христијаните го наречуваат Татко,Син и Дух?(32)
  66. -Таткото,Словото и Духот претставувале три лица во едно суштество.Словото се овоплотило во девицата и се родило заради нашето спасение,како што сведочи и вашиот пророк Мухамет,којшто напишал дека го испраќаат духот кај девицата за да роди.Тргнувајќи од тоа давал известување на Тројцата.
  67. 32.Како Филозофот одговорил на прашањето за тоа како знае се?(33)
  68. -Некој човек нацрпил морска вода и ја носел во мев и се дуел велејќи им на минувачите дали гледаат вода каква нема никој освен него.Му приишол некој морнар и го прашал дали се прави луд кога се фали со неговиот смрден мев.Они имале од тоа цело море!Така постапувате и вие Сарацените,а сите уметности потекнуваат од нас.
  69. 33.Со што ја искажаа својата злоба Сарацените?(34)
  70. -Ја покажаа преку отров кој го дадоа на Филозофот да го испие,но Бог рекол,и да испиете нешто смртно,нема да ви наштети.
  71. 34.Каде се упатил Константин да живее и што правел таму?(34)
  72. -Се упатил да живее на Олимп,кај брат му Методија и таму постојано се молел на Бога и разговарал само со книгите.
  73. 35.Кога дошле пратениците од Хазарите кај царот,што му рекле?(34)
  74. -Му рекле дека тие знаат само за еден Бог,него му се клањаат кон исток,а се држат за другие нивни пагански обичаи.Евреите ги наговарале да ја примат нивната вера и обред,а Сарацените од друга страна,им предлагале мир и многу дарови за да ја примат нивната вера.Хазарите на царот му рекле дека ако го надвладее спорот со Евреите и Сарацените тие ќе ја прифатат неговата вера.
  75. 36.Кога дошол во Херсон што направил Константин?(35)
  76. -Тој го изушил еврејскиот јазик и книги,ги превел осумте делови на граматиката и со тоа ги продлабочил своите знаења.
  77. 37.Кој живеел во Херсон и што направил тој?(35)
  78. -Во Херсон живеел некој Самаритјанин и тој спорел со Филозофот,а истовремено му однел самаритјански книги,а Филозофот ги прочитал без грешка.
  79.  
  80. 38.Што пронашол Константин?(35)
  81. -Тој нашол евангелие и псалтир,пишувани со руско писмо,а пронашол и човек што зборувал на тој јазик.Додека разговарал со него,предавајќи на свој јазик,ја пронашол разликата меѓу самогласните и согласните букви.
  82. 39.Што направил Константин кога разбрал дека Св.Климент уште лежи во морето?(36)
  83. -Тој се помолил на Бога и рекол дека верува во него и се надевал на Св.Климент дека ќе ги најде неговите мошти и ќе ги изнесе од морето.
  84. 40.Што сторил Филозофот откако го убедил архиеископот?(36)
  85. -Тој со сето свештенство и со побожни луѓе седнал на кораб па тргнал на тоа место.На морето завладеала голема тишина.Тогаш дошле и почнале да копаат пеејќи.Се ширела силна миризба од многу кандила и потоа се покажале моштите.Ги зеле со голема чест и со слава од сите граѓани ги однесле во градот.
  86. 41.Што направил хазарскиот војвода?(36)
  87. -Тој отишол со војската во едно христијанско гратче и го опседнал.Кога разбрал за тоа Филозофот без двоумење отишол кај него и откако се разговориле,го скротил со поучни зборови,а хазарскиот војвода ветил дека ќе се покрсти.
  88. 42.Кој сакал да го убие Филозофот?(36)
  89. -Сакале да го убиат Урите(Унгари)
  90. 43.Каде се наоѓала Хазарија?(37)
  91. -На Меотското Езеро(Азовското Езеро)
  92. 44.Што му испртиле Хазарите? (37)
  93. -Хазарите му испратиле лукав човек кој започнал разговор со него.
  94. 45.Што претставувал каганот? (37)
  95. -Тоа претставувало монголска титула на владетел што ја употребувале Аварите и Хазарите.
  96. 46.Чив внук бил Константин? (37)
  97. -Бил внук на Адам
  98. 47.Во што не се согласувале Каганот и Филозофот?(38)
  99. -Тие не се согласувале во славењето на Бога,бидејќи Каганот го славеле единствениот Бог,а Филозофот ја славеле Троицата.
  100. 48.Кој е Акила?(39)
  101. -Акила го превел на грчки Стариот завет
  102. 49.Што сметале Евреите чиј е првиот закон?(39)
  103. -На Мојсија
  104.  
  105. 50.Кој е Еремија?(41)
  106. -Старозаветен пророк
  107. 51.Што значело железното царство на кое помислува Данило во видението?(42)
  108. -“Римското”
  109. 52.Што значел каменот што се откинал одозгора без човечки раце?(42)
  110. -“Помазаниот”
  111. 53.Од кој татко биле благословени Евреите?(43)
  112. -Од нивниот татко Ној.
  113. 54.Кој можел да има само две жени?(44)
  114. -Аврам
  115. 55.Што е скинија?(45)
  116. -Подвижен еврејски храм
  117. 56.Кого кудат светите книги?(45)
  118. -Ги кудат оние што ги пренесуваат како жртва своите синови и ќерки навестувајќи им гнев божји.
  119. 57.Во чија книга се наоѓале сите беседи?(46)
  120. -Во книгите на учителот и архиепископот Методија,каде може да се види и силата на зборот со божја благодет.
  121. 58.Колку Хзаријци се покрстиле?(48)
  122. -Двесте луѓе,отфрлајќи ги паганските обичаи и незаконските женачки.
  123. 59.Какво писмо му испратил каганот на царот?(48)
  124. -Писмо во кое се заблагодарува на царот дека му испратил човек кој и со зборови и со дело им ја објаснил христијанската вера и докажал дека таа е најдобра.Вели дека сите му се пријатели на неговото царство и дека ќе му служат каде и да му е потребно.
  125. 60.Во замена за даровите,што побарал Константин?(48)
  126. -Побарал грчки пленици.
  127. 61.Што имало кај фулскиот народ?(49)
  128. -Кај фулскиот народ имало огромен даб,сраснат со цреша и под него принесувале жртви,наречувајќи го Александар,а на жените не им давале да му се доближат,односно да присутствуваат на принесувањето жртви.
  129. 62.Колку пати удрил Филозофот со секирата во дабот?(50)
  130. -Тој удрил триесет и три пати,и им наредил на сите да го сечат под корен и да го изгорат.
  131.  
  132. 63.Каде престојувал Константин во Цариград?(50)
  133. -Во црквата на Светите апостоли.
  134. 64.Што имало во црквата Света Софија?(50)
  135. -Во црквата имало чаша со скапоцени камења,дело на Соломон,на која со еврејски и самаритјански букви биле напишани стихови кои никој не можел да ги прочита.
  136. 65.Кој успеал да ги прошита и објасни стиховите од чашата?(50)
  137. -Филозофот
  138. 66.Што означува бројот двестотини и девет кој бил напишан на чашата?(51)
  139. -Од дванаесетата година на Соломоновото царство до царството Христово има деветстотини и девет години.И тоа е пророштвото на Христа.
  140. 67.Кој бил Ростислав?(51)
  141. -Тој бил моравски кнез
  142. 68.Со каква порака ги испратил пратениците кон царот Михаил?(51)
  143. -Луѓето од Моравија се откажале од паганството,но немаат учител што на нивен јазик ќе им ја објасни христијанската вера.Тие бараат од Михаил да им испрати таков епископ и учител.
  144. 69.Кој ја добил Моравската мисија како задача?(51)
  145. -Константин Филозоф
  146. 70.Кој бил условот на Константин за да тргне во мисија?(51)
  147. -Моравците да имаат букви за својот јазик.
  148. 71.Кој го примил Константин во Моравија?Што му предале?(53)
  149. -Во моравија го примил Ростислав и му предал ученици за да ги учи.
  150. 72.Кој јазици биле одбрани за да се слави Бог?(53)
  151. -Еврејски,латински и грчки
  152. 73.Колку месеци поминал во Моравија?(54)
  153. -Четириесет месеци
  154. 74.Како се викал панонскиот кнез?(54)
  155. -Коцељ
  156. 75.Колку ученици биле дадеи да се учат на словенското писмо?(54)
  157. -Педесет ученици
  158. 76.Кој се собрал против него во Венеција?Што подигнале тие?(54)
  159. -Против него се собрале епископи,попови,црнорисци и ја подигнале тријазичната ерез.
  160. 77.Кој се народите кој се вешти на книга и го слават Бога на свој јазик?(55)
  161. -Ерменците,Персијанците,Авазгите,Арабјаните,Египјаните и Сирците.
  162. 78.Кој му излегол во пресрет на Константин кога отишол во Рим?(58)
  163. -Апостолскиот намесник Хадријан
  164. 79.Каде ги ставил папата осветените словенски книги?(58)
  165. -Во црквата Света Марија
  166. 80.Што им наредил папата на епископите Формоза и Гондрих?(58)
  167. -Да ги посветат словенските ученици
  168. 81.Во кој цркви и во кој денови пееле?(58)
  169. -*1 ден-црква на светиот апостол Петар
  170. *2 ден-црква на света Патронила
  171. *3 ден-црква на цвети Андреја
  172. *4 ден-црква на вселенскиот учител апостолот Павле
  173. 82.Кога бил облечен во света монашка схима,кое име го зел?И колку дена останал во таа облека?(59)
  174. -Тој го земал името Кирил и во таа схима останал педесет дена.
  175. 83.Кога умрел Кирил?(60)
  176. -Имал четириесет и две години,на четириесеттиот ден од месец февруари,на вториот индикт од создавањето на светот,6377 год.
  177. 84.Каква била наредбата на папата за погребот на Кирил?(60)
  178. -Тој наредил да го положат во ковчег и да го заковаат со железни клинци и така да го држат седум дена додека се готват за пат.
  179. 85.Каде требало да биде погребан Кирил по мислите на апостолскиот намесник?(61)
  180. -Во Рим,во црквата Свети Петар.
  181. 86.По волја на брат му каде го закопале Кирил?
  182. -Заедно со ковчегот го положиле во гробницта од десната страна на олтарот во црквата Свети Климент каде тогаш почнаа да стануваат многу чуда.
  183. 87.Кој е Давид?(66)
  184. -Старозаветен еврејски цар
  185. 88.Со кој збор се создала небесата?(66)
  186. -Зборот Господов
  187. 89.Како Бог го создал човекот?(66)
  188. -Зел прав од земјата,од себеси му дахнал животворен здив и разум на зборот и му дал самовласт,го вовел во рајот,заповедувајќи заповед за искушение,па ако ја одржел ќе останел бесмртен,а ако престапел,со смрт ќе умрел по своја волја,а не по божја повелба.
  189. 90.Кој се осмелил прв да го повика името господово?(66)
  190. -Енох
  191. 92.Кој е прикажан како праведен,вистинит и непорочен?(67)
  192. -Јов Австидиски
  193. 93.Кој бил наречен како бог на фараонот?(67)
  194. -Мојсиј со Арона
  195. 94.Кој ги помазал царевите?(67)
  196. -Самуил
  197. 95.Кој ги научил луѓето на божји песни и станал пастир?(67)
  198. -Давид
  199. 96.Кој станал Христов Крстител?(67)
  200. -Великиот Јован,посредникот меѓу Стариот и Новиот закон
  201. 97.Кој го обиколил сиот свет?(68)
  202. -Апостолите Петар и Павле
  203. 98.Кој ја примил помошта на великиот цар Константин?(68)
  204. -Чесниот Сивестер со триста и осумнаесетте отци
  205. 99.Колку отци имало на петиот собор?Кој го свикал?(68)
  206. -Сто и шеесет и петт отци,го свикале Вигилиј и Јустин
  207. 100.Што му дал царот на Методиј?(69)
  208. -Му дал да управува со словенска област.
  209. 101.Во што се облекол кога отишол на Олимп и што направил?(69)
  210. -Се облекол во црна риза и се замонашил.
  211. 102.За што бил поставен Методиј и каде?Колку отци имало?(70)
  212. -Бил поставен за игумен во манастирот Полихрон.Имало седумдесетина отци.
  213. 103.Со која цел Ростислав испратил луѓе од Моравија кај Михаил?(70)
  214. -Со цел да испрати маж што ќе ги упати во секакви правдини,бидејќи имало дојдени учители христијани,но тие биле Власи,Грци и Немци,а Словените тие јазици не ги разбирале.
  215. 104.Кој го благословил учењето на Солунските браќа и го положил словенското евангелие на олтарот на светиот апостол Петар и го посвети за свештеник Методиј?(71)
  216. -Римскиот папа Никола
  217. 105.Каде било напишано дека е достојно само Грците,Латините и Евреите да имаат свое писмо?(71)
  218. -На Пилатовиот натпис
  219. 106.Кој им чинел пакости на христијаните?(74)
  220. -Им чинел Паганскиот кнез кој седел на Висла
  221. 107.Кој се сметал за свет и правоверен човек?(75)
  222. -Методија
  223. 108.Кој го пречекал во Дунавската земја?(77)
  224. -Унгарскиот крал
  225. 109.Кого го сметал за свој наследник на учењето Методиј?(77)
  226. -Горазд
  227. 110.Кога умрел и како Методиј?(77)
  228. -Умрел на рацете на свештениците,во шестиот ден од месец април,во третиот индикт во шест илјади триста и деведесет и третата година од создавањето на светот.
  229. 111.Каде бил погредан?(77)
  230. -Бил погребан во соборната црква
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement