borisdexter

проектот глуп

May 10th, 2019
60
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 5.08 KB | None | 0 0
  1. Како учи Face ID
  2.  
  3. Новиот Face ID system на Apple користи машински алгоритми кои учат од искуство и "Neural engine" компонента вградена во процесорот која го анализира и препознава лицето на корисникот. Тоа значи дека телефонот лесно приметува и измени на лицето кое е веќе вчитано, измени како носење на наочари или пуштање на брада. Инфраред светлото може да види преку стаклото на наочарите и да ги препознае очите на корисникот.
  4.  
  5. Што е "Neural engine"? Тоа е чип кој е специјално направен да идентификува луѓе, места и објекти без да користи CPU од телефонот. Исто така се користи и за препознавање на другари или места кои корисникот ги посетил преку анализирање на сликите во телефонот како и за новата Animoji апликација.
  6.  
  7. Колку е сигурно Face ID?
  8.  
  9. Face ID работи преку анализирање на 30,000 'data points' на лицето на корисникот. Apple работеле долго на систем кој ќе може да препознае дали е вистинска сликата која се анализира и работеле со маски од Hollywood со цел да го направат системот непробивен. Како резултат на тоа, шансата случаен човек да отклучи телефон кој не е негов е 1 во 1,000,000. Овие бројки кај Touch ID се 1 во 50,000, што го прави новиот систем 20 пати подобар.
  10.  
  11. Исклучок се луѓето кои имаат близнаци бидејќи системот го анализира изгледот а во овој случај ќе биде идентичен. Исто така кај деца под 13 годишна возраст бројќите се значително помали бидејќи лицата имаат доста сличности кај деца кои сеуште не се влезени во пубертет. Системот е доста сигурен ако не спаѓате во некои од двата исклучоци кои ги наведовме погоре.
  12.  
  13. Битно е да запамтите и Touch ID и Face ID се направени повеќе за погодност отколу сигурност. Apple прави се што може за да се осигура дека приватноста на секој корисник не може да се пробие од надворешен фактор, но користење на лозинка е сеуште најбезбедениот начин. Веројатноста дека некој што ќе ви го најде изгубениот телефон ќе успее да ви ја погоди лозинка може да биде многу повеќе од 1 во 1,000,000. Затоа препорачливо (во последно време и задолжително) е да имате повеќе карактери, цифри и посебни знаци во лозинката.
  14.  
  15. Како што е со Touch ID, така и со Face ID, можете да го преминете тој чекор и да влезете во системот преку лозинка. Внесување на лозинка е потребно доколку се случи нешто од следново:
  16. -телефонот бил рестартиран или прв пат уклучен
  17. -телефонот не бил отклучен подолго од 48 саати
  18. -телефонот не бил отклучен со лозинка повеќе од една недела
  19. -повеќе од 5 пати не сте успеале да го отклучите преку Face ID
  20.  
  21. Иднината на Face ID
  22.  
  23. Apple е компанија што од секогаш се залагала да биде во тек со најновата технологија и претставува технолошки 'трендсетер' за конкуренцијата. Се прават шпекулации дека Face ID набрзо ќе се прошири и кај iPad и ќе се воведе во постарите генерации на iPhone. Face ID е очигледно битен детал кај новите телефони кои се произведуваат во компанијата и е една од причините зошто Tim Cook (извршниот директор на компанијата) го претстави новиот iPhone X како нова генерација на телефони.
Add Comment
Please, Sign In to add comment