Not a member of Pastebin yet?
Sign Up,
it unlocks many cool features!
- Здраво,
- Сакам да споделам лично напишан текст кој има за цел да внесе малку ретроспектива и ведрина во општеството, со надеж дека ќе се шири што е можно повеќе и ќе допре до повеќе луѓе. Доколку сметате дека е соодветен и убаво напишан, ве молам споделете го секаде каде што можете, ако стои по портали и блогови уште подобро. Ве молам никој да не го присвојува, поважна е пораката. Поздрав.
- Следи текстот:
- Луѓе. Секогаш пребрзи за суд. Никогаш брзи за простување. Знам, нетипичен почеток. Омраза. Омраза има во скоро сите. Секој на некого е гневен за нешто. Сите си ја бараме својата среќа. Бедата на ова доба многу и ги прави алчни. Златното теле сè уште силно свети и ѕвецка пред очите на многу и токму тогаш тие го забораваат човештвото. Преголемиот фокус на статусот во општеството, кој што и колку има, прави дел по дел да го доделкаме и она малце што ни останало од нашите бедни души. Сите сме криви. Еден човек го гради цело едно село од луѓе. А тие луѓе ги граделе роеви од села. Омразата нè труе, гневот нè труе, алчноста го убива духот, зависта го убива духот. Знам дека ова е изолиран случај, дека ова не сме ние, ова не е мнозинството, ова беа свирепи монструми. Сепак, можеше да се види по коментарите како обични луѓе посакуваат секакви гадости да бидат извршени над тие монструми. И да, во право се. Можеби и треба. Но, дали доколку тоа и се спроведе, тие што се сладат на таквите сцени, нема да станат и самите тие монструми? Дел по дел, нема ли и нив паметот да им замине? Каде е границата на нашата омраза и гнев каде нашата човечност умира а монструмот во нас се раѓа? Какво чувство на правда е тоа каде за животот што не може да се врати, други, сите, губат дел од својата душа? Зошто толку даваме фокус на омразата, на гневот, на насилството, на злото? Колку и да сме секојдневни и вообичаени, секогаш кога некоја катастрофа или трагедија ќе се случи, многу посегнуваат по тоа да посакуваат зло на тие коишто ја предизвикале таа трагедија. И да, во право се сите тие што го посакуваат тоа. Најверојатно. Но што се случува со нас во време на мир? Во време кога нема трагедии, нема катастрофи? Што правиме тогаш? Дали тогаш се почитуваме како луѓе едни со други или е битка секој за себе? Дали секој гледа да се избори за својот успех, за својата среќа и комфорт или застануваме од време на време на нашиот пат да помогнеме на тие околу нас? Дали воопшто застануваме да си помогнеме едни на други? Или сè е веќе сведено на корист и пари? Интерес и услуга? Каде одлета безусловната човечност? Каде одлета емпатијата? После оваа трагедија, камо среќа да видиме повеќе љубов меѓу луѓето, повеќе емпатија и разбирање за сите меѓу нас. Трагедијата веќе помина, се случи, никој од нас неможе тоа да го врати. Црнилото не се пере со уште црнило, со уште омраза и гнев, монструмите да добијат сè што по закон ги следува а ние луѓето, ние да го смениме нашиот однос едни спрема други. Да не носиме суд така лесно, да простуваме повеќе, да одбегнуваме да бидеме жртви на сопствениот бес, гнев, омраза, желба за материјално остварување и несогласувањата со другите. Да се сакаме повеќе. Да се грижиме повеќе едни за други. Сите сме мизерни. Секој од нас има барем едно нешто во својот живот што го прави мизерен. Кога доволно долго ќе гледаме во себеси, самото ќе ни се каже што е тоа. Но сите сме заедно во ова, сите сме заедно во ова општество, на овој свет, таков каков што е и сите заедно го сочинуваме таков каков што е, никој не е сам, никој ништо сам не прави, потребни сме си едни на други, со сите наши битки, со сите наши таги, потребни сме си едни на други. Како народ, како луѓе.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment