Need a unique gift idea?
A Pastebin account makes a great Christmas gift
SHARE
TWEET

Untitled

a guest Mar 26th, 2011 2,917 Never
Upgrade to PRO!
ENDING IN00days00hours00mins00secs
 
  1.  
  2. Стравствувањето на Чајлд Харолд
  3. Џорџ Гордон Бајрон е роден 1788 година во сиромашно аристократско семејство. На 9-годишна возраст се стекнува со титула лорд и живее во замокот на своите предци, а по завршените студии во Кембриџ станува член на Домот на лордовите. Меѓутоа, никогаш слободарскиот дух на "куциот Аполон" (како што го нарекувале; со едната нога куцал) не се вклопувал во калапот на својата средина. Првата негова стихозбирка налетува на остри критики, после која тој одговара со сатира во која ги напаѓа авторитетите на англиската критика и поетите. Во текот на неговото патување низ средоземјето ја напишал поемата “Странствувањето на Чајлд Харолд“ која му носи огромна слава. Негово најпознато и најобемно дело е “Дон Жуан“, кое останало недовршено.
  4. „Странствувањето на Чајлд Харолд“ е романтичарско-индивидуалистичка поема, составена од четири песни. Тема во поемата е патувањето и доживувањата на Чајлд Харолд. Идеја во поемата е да го искаже своето разочарување од сегашноста и приликите во Англија и во цела Европа.
  5. Чајлд Харолд е млад човек, почитуван и познат, од благороднички род, кој наместо да се посвети на полезна и творечка работа, се одава на бурен и развратен живот. Презаситен од таквиот живот кој веќе му здодеал, решава да ја напушти земјата и да патува. По патот зборува со пажот, кој плаче по татковината, родителите, жената и децата бидејќи ги остава и оди во туѓина. Тогаш Чајлд Харолд сваќа дека зад него не оставил никој кој му е важен и нема по кого да тагува. Зад себе ги остава само празниот дворец и кучето.
  6. Најпрвин ги посетил Шпанија и Португалија. Таму луѓето страдаат и се потчинети. Се надева дека славните времиња ќе се вратат и тие ќе бидат слободни. Го продолжува своето патување на Балканот. Таму луѓет осто така се поробени од страна на османлиите. Тој неможе да свати дека потомците на античка Грција можат да гу поднесат теророт од османлиската власт. Сликата за балканот е мрачна и крвава. Воедно поетот повикува и на борба. Харолд го продолжува своето патување во Холандија, Германија и Швајцарија. Сега е присутен моментот на осаменоста и описот на природата кое е единствено нешто недопрено од човекот. Единствено во природата Харолд се чувствува спокоен и среќен. При посетата на Италија се навраќа на нејзиното антично минато.
RAW Paste Data
We use cookies for various purposes including analytics. By continuing to use Pastebin, you agree to our use of cookies as described in the Cookies Policy. OK, I Understand
 
Top