Advertisement
PatrZDZ

Fiktiv North Macedonia - Sitel

Oct 24th, 2020
113
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 4.66 KB | None | 0 0
  1. Сител e приватен телевизиски канал кој започна да емитува програма на македонски јазик на 22 јануари 1993 година, како една од првите приватни ТВ станици во Македонија. Сител е медиум со претежно забавен општ формат. Претежно програмата се состои од таканаречени турски серии синхронизирани на македонски. Исто така емитува Информативната програма, која емитува централни вести во 18:00 и 23:00 часот.
  2.  
  3. На 1 јули 2008 година, Сител телевизија ја пушта и својата сателитска програма, Сител 3 телевизија. Моментално сигналот се емитува на Еутелсат 16A и Интелсат 901 до гледачите од Европа, САД, Канада и Австралија.
  4.  
  5. На 20 јуни 2013 година, Сител телевизија го пушта својот втор канал, Сител 2, кој е регионален канал и ќе се емитува во регионот на Кратово, Куманово и Крива Паланка.
  6.  
  7. Сител е гледан и влијателен медиум во Македонија, со богата програма, со голем број информативни содржини, со многу филмови, атрактивни спортски преноси итн. Модерниот дизајн на Сителовата програма постојано се иновира и се унапредува. Ќе бидеме неискрени ако не споменеме дека за Сител работат веројатно најубавите ТВ-презентерки во земјата.
  8.  
  9. Дневник
  10. Понеделник - Недела: 18:00, 23:00
  11. Централна емисија на вести на Сител Телевизија обезбедува главните вести на денот, анализи и извештаи на нашите репортери од места во Северна Македонија, Европа и светот. Бидете во тек со политичките, социјалните и деловните трендови.
  12.  
  13. Вести
  14. Понеделник - Петок: 07:00, 08:00, 09:00, 10:00, 12:00, 16:00
  15. Сабота: 07:00, 08:00, 09:00, 10:00, 16:00
  16. Недела: 08:00, 10:15, 16:00
  17. Најнови вести, анализи и извештаи од места во Северна Македонија, Европа и светот. Бидете во тек со политичките, социјалните и деловните трендови.
  18.  
  19. Журнал - Утринска програма
  20. Понеделник - Сабота: 06:45
  21. Секое утро во 06:45 започнете го денот со утринската програма Журнал. Емисијата третира теми од секојдневниот живот, актуелни настани, вести, едукативни содржини, урбани приказни, комунални проблеми, културни случувања, преку снимени прилози, анкети и разговори во живо. Ќе ни биде драго ако Вашите сугестии, проблеми ги актуелизарате преку оваа емисија.
  22.  
  23. Бумбар
  24. Понеделник - Петок: 16:30
  25. Од понеделник до петок со почеток во 16:30, на гледачите им се нуди избор од три најактуелни настана од Македонија, а тие го бираат настанот на денот. Најновите случувања од областа на политиката, економијата, спортот, културата во Македонија се темите за кои гледачите секојдневно коментираат и ги оценуваат.
  26.  
  27. ===
  28. Сител 2 е македонска телевизија која започна со работа во јули 2013 година. Програмата може да се следи во регионот на Кратово, Куманово и Крива Паланка.
  29.  
  30. Сител 2 емитува голем број на забавни емисии. Исто така, емитува и добро познати серии.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement