macedonianews

Факултет за музичка уметност - Скопје

Sep 3rd, 2018
70
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 3.24 KB | None | 0 0
  1. Под знак прашање е реализацијата на приемните испити на Факултетот за музичка уметност во Скопје поради назначувањето на продеканот за настава проф. Васо Ристов за директор на Македонската опера и балет, кој не може веќе да ја извршува својата претходна функција како раководител на конкурсната комисија за приемните испити. Во отсуство на продекан и раководител на конкурсната комисија, приемните испити можат целосно да се стопираат или поништат се до назначувањето на нов продекан.
  2.  
  3. В.д деканот на Факултетот за музичка уметност во Скопје, проф. Тодор Светиев, неодамна назначен од ректорот на УКИМ Никола Јанкуловски, сеуште нема понудено решение за излез од кризата која може да доведе до комплетен распад на функционирањето на ФМУ-Скопје.
  4.  
  5. Иако поставен за да спроведе постапка за избор на нов декан, тој сеуште нема донесено одлука за отворање на постапката чиј законски рок завршува 30 дена од неговото назначување на функцијата в.д. декан.
  6.  
  7. Спротивно на пропишаните законски норми и акти на универзитетот и факултетот, в.д деканот Тодор Светиев ги распушти сите членови на Деканатската управа без согласност од највисокото тело на факултетот - Наставно научен уметнички совет, без чија согласност истотака формирал своевиден менаџерски тим предводен од проф. Димитрије Бужаровски, кој неодамна го обвинуваше претходното раководство на факултетот за мобинг.
  8.  
  9. Бужаровски и Светиев, повикувајќи се на поддршка од ректорот Јанкуловски, вршат притисок врз вработените професори, свесно прекршувајќи ги законските процедури во консултација со правната служба на ректоратот на УКИМ.
  10.  
  11. Прашање е дали ректорот Јанкуловски е запознат со ваквата состојба на Факултетот за музичка уметност и дали свесно поддржува и одобрува незаконски постапки кои можат да го нарушат угледот на факултетот и универзитет.
Add Comment
Please, Sign In to add comment