Not a member of Pastebin yet?
Sign Up,
it unlocks many cool features!
- Штурм/Салзбург - директен дуел помеѓу едни од конкурентите за првото место + директен дуел за второто место кое значи квалификации за ЛШ, верувам тука ќе има доста надигрување и голови нема да изостанат на натпреваров, би препорачал игра на голови.
- Тип – ГГ, 3+ или пак за поголем ризик ГГ3+
- Сандерленд/Челзи - Се освен победа на Челзи тука би ми било изненадување бидејки Сандерленд е тим кој на последните 7 натпревари само на 1 не примил гол а од последните 7 натпревари имаат 5 порази, 1 победа и 1 нерешено против очајните оваа сезона КПР. Од друга страна Челзи влегува разигран по победата од 6-1 во ЛШ и бара приклучок за борбата во врвот а одбраната им е на високо ниво (и откако дојде Бенитез на клупата) така да очекувам тука да не примат гол а чисто сумњам дека Сандерленд ќе успеат да издржат да не примат голови..
- Тип - 2
- Свонси/Нортвич – Ми се гледа како добра утакмица за 1 и коефициент 1.85 за кој вреди да се ризикува знаејки дека Свонси е доста стабилен тим и има само 1 пораз од 8 натпревари на домешен терен, исто така победија доста солидни тимови како Арсенал, Њукасл, Ливерпул исто така нерешено со Челзи или пак минимален пораз од Сити со 1-0. Ми делуваат страшно мотивирани за да се вмешаат во првите 5 места кои водат до Европските купови сепак тука внимателно и не да се играат на голем влог сепак и Нортвич играат доста тврдо на гостински терен и ретко губат поени таму.. имаат дури 7/10 нерешени на гостински терен.
- Тип – 1 или 0-2 гола
- Сошо/Лил – И ова утакмица како Нортвич погоре ја ставам во групата на утакмици на кои вреди да се ризикува иако лично оваа ми е посигурна за 2ка за разлика од Нортвич 1. Лил по изгубената утакмица во ЛШ со Валенсија заврши на последното место што значи ќе мора да се фокусираат сега на Француското и да ги бркаат првите 5-6 места.. имаат 2 отсуства на Де Мело и Калу додека кај овие Сошо фалат дури 13 играчи од кои барем 5-6 првотимци а гледам и централниот дефанзивец им добил 2 картони по ред така да веројатно и овој ќе паузира. Плус ионака примаат бар по 1 гол на утакмица а утре со отсуствава и веројатно неуиграноста очекувам повеќе.
- Тип – 2, Т22+
- Задар/РНК Сплит – Две сезони играат 3/3 поени и буквално Сплит му помага на Задар да остане во лигата, и оваа сезона се на самото дно па не верувам дека така ќе дозволат лесно да испадне.. сомнеж дека соработуваат ми кажува тоа што измеѓу себе во дуелите играат прилично мирно и на 4/5 имаат 0 жолти картони двата тима плус имаат и еден прелаз 2/1 немора да значи ова ништо сепак се плус сомнеж дека соработуваат. Првата Сплит тепал 3-1 сега ќе дојде пак 1 мислам.
- Тип – 1
- Штудгарт/Шалке – Уште еден тип од оние “вреди да се ризикуваат“ поради добриот коефициент, инаку дел од играчите на Шалке (подобрите) одмараа од натпреварот во ЛШ и беа пуштени само 20тина минути или воопшто не играа (Хунтелар, Обаси, Џонс, Фушч). Моментално по добриот пласман имаат пауза до 12 Фебруари па мислам тука сега ќе дадат максимум за да да изборат што подобар пласман (моментално се 4ти). На друга страна Штудгарт ми изгледа доста променлив во играта и прима доста голови, на последните 5 натпревари едвај тепаше против очајниот Гројтер со 1-0 притоа заработи црвен картон нивниот стандарден дефанзивец Ташчи и нема да игра против Шалке а и др 4 играчи имаат жолт па не верувам дека ќе ризикуваат премногу за да добијат нов што може ќе се одрази на играта. Плус имаа натпревар во Четвртокот незнам колку ќе бидат одморени а и да бидат одморени сепак тука Шалке е фаворит на натпреварот.
- Тип – 2
- Малага/Гранада – Лесно мислам Малага ќе тепа тука, гостиве се едни од најслабите тимови во Шпанската лига и имаат на гостински терен 7/10 изгубени. Малага одмараше дел од играчите во ЛШ така да играчите им се прилично одморени и мислам тука нема кај да бега 1 на утакмицата. Единствено мал сомнеж ми прави тоа што лани играле 3/3 сепак и да им даваат Малага бодови на Гранада верувам тоа ќе го направат кога ќе играат на гостински терен а не сега.
- Тип – 1
- Барселона Б/Елче – Домаќиниве после секоја 2 некаде утакмица изиграна ГГ3+ прават утакмица каде што или они или другиот тим не дава гол пред се ова мислам дека е тактички оти на кладилница едно време почнаа ептен да ги играат ГГ3+ а коефициентот за тоа е доста висок. Сега Барселона Б игра со првопласираниот кој игра ептен тврд фудбал и игра 7/10 натпревари 0-2 гола или 7 по ред 0-1 гола, 7 натпевари со само 2 дадени и 4 примени гола. Мислам ако дадат Елче први гол дека ќе го бранат резултатот и тешко дека ќе примат гол а овие Барса Б се познати по лошата одбрана така да голема е веројатноста дека ќе примат гол, мислам тука дека е идеално играње на голови дека ќе има малце.
- Тип – 0-2 гола
- Бехатку/Пишек - Еден од посигурните типови бар за мене е овој хокеј меч каде се среќаваат исклучително јак домашен тим како Пишек и последно пласираниот тим Пишек кој игра доста лошо а посебно на гостински терен. Пред да ги изгуби последниве 2 натпревари Бехатку каде што солидно парираше на првопласираниот и второпласираниот во лигата имаше скор од 8/10 победи што дава до знаење за каков тим се работи.. верувам утре без потешкотии ќе тепаат.
- Тип – 1
- Крка/Игокеа – Единствени натпревари во кои Игокеа загубија во АБА лигата беа со минимални порази (1 и 2 разлика) а моментално имаат 9-2 победи/порази. Додека другите се зафатени со еврокуповите Игокеа се гледа дека е прилично мотивирана и посветена во АБА лигата каде што единствено игра и верувам дека и утре ќе го даде максимумот за да извлече нови 2 бода. Крка за 3 дена го игра решавачкиот натпревар за второ место против турскиот тофаш во евроџелинџот затоа мислам дека утре нема да форсираат премногу и ќе се чуваат за тој натпревар. Коефициентот ми е малце нелогичен ама не е тоа прв чуден коефициент во АБА лигава зошто досега имаше доста такви.. иако гледам дека дека на интернет веќе паѓа од 2 на 1.75.
- Тип - 2
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment