Advertisement
PatrZDZ

Fiktiv North Macedonia - MRT

Oct 24th, 2020
61
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 31.16 KB | None | 0 0
  1. Македонска радиотелевизија (МРТ) — национална телевизија на Република Македонија, основана во денешниот облик во 1993 година од страна на Собранието на Република Македонија, како продолжение на дотогашната Радиотелевизија Скопје (РТС).
  2.  
  3. Македонската радиотелевизија е јавно претпријатие, чиј основач е Собранието на Република Северна Македонија. Нејзината законски дефинирана дејност се состои во производство и емитување радио и телевизиска програма од сите жанрови кои треба да ги задоволат информативните, културните, образовните и рекреативните потреби на граѓаните на Република Северна Македонија. Во својот состав Македонската радио телевизија ги има следниве организациони делови: Македонско радио, Македонска телевизија, Ресурси за продукција и Заеднички функции на МРТ.
  4.  
  5. Највисок орган на управување со МРТ е Советот на МРТ, кој брои 13 членови, кои ги избира Собранието на Република Македонија. Од нив, пет членови предлага собраниската комисија за избори и именувања, тројца предлага Заедницата на единиците на локалната самоуправа (ЗЕЛС), додека останатите пет членови се предлагаат од страна на: Интеруниверзитетската конференција, Албанскиот театар, Турскиот театар, Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Македонската асоцијација на новинарите (МАН). Членовите на Советот се избираат со мандат од пет години.
  6.  
  7. ===
  8. МРТ 1 е првиот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е во 1964 година како прва и единствена програма на Телевизија Скопје. На МРТ 1 за Македонија се врши директен пренос на Евровизија и Олимписки игри. МРТ 1 емитува емисии и познати серии.
  9.  
  10. Програмската структура на првиот канал на МРТ ја задржува класичната триделност на програмите, во согласност со европските традиции на јавниот сервис, т.е. покриени се трите основни функции на телевизијата: информативната, образовната и забавната програма. Емитувањето вести во 07:00, 08:00, 09:00, 10:00, 13:00, 15:00, како и дневниците во 17:00, 19:30 како и во 23:00 часот, првиот програмски сервис на МРТ го категоризира како редовен информатор на македонските граѓани.
  11.  
  12. ===
  13. МРТ 2 е вториот канал на Македонската радиотелевизија. Основана е на 6 март 1978 година како втора програма на Телевизија Скопје.
  14.  
  15. На 6 март 1978 година Телевизија Скопје започнува да емитува своја Втора програма. Таа се емитува еднаш неделно, секој понеделник, а подоцна и во средите, во траење од четири часа, целосно во боја. Втората програма е алтернативна и комплементарна на Првата, со емисии од сите жанрови што се подготвуваат во двата сектора за информативно-документарни и за културно-уметнички емисии. Одговорен уредник на Втората програма бил Зоран Вангелов. Инаку, во другите денови и во времето кога не емитувала свои содржини, на вториот канал се преземале директно програми од другите југословенски телевизиски центри.
  16.  
  17. Од 1994 г. на Вториот канал се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик.
  18.  
  19. Од 2020 година на МРТ 2 се емитува програма ислкучиво на албански јазик. Сите останати програми на малцинските јазици преминуваат на МРТ 4.
  20.  
  21. Навременото и прецизно информирање на граѓаните секако е една од главните функции на јавниот сервис. Оваа функција на програмите на МРТ 2 во најголем обем ја покриваат вестите (Ditari). Првото издание е во 14:30 часот, централниот дневник се емитува во 18:30, а неговото трето издание е во 22:00 часот. Кратки изданија, односно флеш вести, се емитуваат 5 до 6 пати во текот на денот.
  22.  
  23. Најновите вести на денот во претпладневните програми се преземаат од програмите на Радио Скопје на албански јазик со вклучување на радиопрограмата во 07:00 и 10:00 часот. На екранот се прикажува кајрон кој најавува дека се емитуваат радиовести. Првите вести на редакцијата на албански јазик при МРТ 2 се прикажуваат во 12:00 часот.
  24.  
  25. ===
  26. МРТ 3 — канал на Македонската радио-телевизија. Започна со емитување сигнал на 10 април 2020 година во 16 часот како канал за спортска и забавна програма на јавниот сервис.
  27.  
  28. ===
  29. МРТ 4 — канал на Македонската радио-телевизија. Започна со емитување сигнал на 16 април 2020 година во 16 часот како канал за програма на јазиците на заедниците во Македонија на јавниот сервис. Програмата којашто се емитува на овој канал преминала од МРТ 2, каде што од 2020 се емитува програма исклучиво на албански јазик.
  30.  
  31. ===
  32. МРТ 5 — канал на Македонската радио-телевизија. Започнал со емитување сигнал на 8 април 2020 година во 16 часот како специјализиран канал за детска програма на јавниот сервис.
  33.  
  34. ===
  35. МРТ собранискиот канал — канал на Македонската радиотелевизија. Основан е на 7 јануари 1991 година како Канал 3 на Телевизија Скопје.
  36.  
  37. На 7 јануари 1991 година Телевизија Скопје започнува да емитува програма и на својот трет канал. „Канал 3” се емитува пет дена во неделата по четири часа, целосно „во живо” и со поведри содржини низ кои за првпат во програмите е применет телефонски разговор со гледачите, како и повеќе други атрактивни програмски содржини и акции со кои се анимираат гледачите. Во другите часовни појаси Третиот канал е исполнет со преземена сателитска програма и пренесува активностите на Собранието.
  38.  
  39. Во почетокот Третиот канал се емитуваше преку еден предавател само за подрачјето на Скопје, а подоцна, со помош на општинските собранија, се набавени репетитори и се изградени неопходни инфраструктурни објекти со што е овозможено следење на програмата во уште десетина градови низ Македонија. Co повеќе програмки акции од градовите во кои се следи „Канал 3” се наѕираат развојните можности за создавање регионална телевизиска програма во Македонија и прераснување на дописните во регионални тв-центри.
  40.  
  41. Подоцна Канал 3 е реименуван во Трета Програма на Македонската радиотелевизија за подоцна да се преиманува во Собраниски канал, и скоро во целост да се посвети на активностите на Македонскиот парламент.
  42.  
  43. ===
  44. МРТ Сат (MRT Sat, поранешно име: МКТВ Сат, MKTV Sat) односно Сателитска програма на Македонската телевизија е сателитскиот канал на Македонската радиотелевизија. Пуштена во етерот е на 30 април 2000 година точно на Велигден.
  45.  
  46. На 30 април 2000-та, токму на ден Велигден, со огромна симболика во чинот, започна емитувањето на Сателитскиот канал на МРТ. МРТ Сат емитува непрекинато 24-часовна програма за Европа, Медитеранските земји, Северна Африка, Источна Азија и за Австралија, што претставува избор од програмите на МРТ, како и оригинална програма во траење од 0,5 часа. МРТ Сат е етнички канал наменет за сите Македонци кои живеат надвор од матичната земја, но, воедно, тој претставува и најрепрезентативонто македонско комуникациско средство кое е достапно до најразновидна милионска публика во светот.
  47.  
  48. ===
  49. МРТ 2 Сат (MRTV - Sat) — вториот сателитски канал на Македонската радиотелевизија. Почна да емитува сателитска програма во октомври 2012 година како втора сателитска програма на Македонската радиотелевизија.
  50.  
  51. Од 2012 г. со започнувањето на сателитското емитување на МРТ 2 Сат се емитува програма на немнозинските заедници во Република Македонија. На него се емитува програма на албански јазик, на турски јазик, како и емисиите на српски, ромски, влашки и босански јазик. Емитува 24 часовна програма, за разлика од МТВ 2, која емитува програма од 7 часот наутро до 2 часот по полноќ. Програмата се емитува на сателитите Еутелсат и Галакси, како и во интернет понудата на канали на Т-Мобиле Македонија, Макс ТВ.
  52.  
  53. ===
  54. Македонско Радио - Радио Скопје е првата програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската Радио Телевизија. Емитува образовни, музички, забавни и информативни емисии. Првата програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија како и во соседните држави каде има Македонци: Грција поточно Егејска Македонија, Мала Преспа и Голо Брдо во Албанија, Бугарија како и во Србија и на Косово. Првата програма на Македонското радио може да се слуша и преку интернет како и на сателит.
  55.  
  56. Во мугрите на слободата на македонскиот народ, по вторпат беше отворено Радио Скопје во разурнатото Скопје, точно месец и пол од неговото ослободување, во етерот се разнесе првиот македонски збор изговорен низ воздушниот простор на слободната татковина: „ЗБОРУЕ РАДИО СКОПЈЕ".
  57.  
  58. Уште во август 1944 година Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија ја постави задачата пред современиот македонски писател и истакнат борец во Народно-олободителната војна, Владо Малески - Тале, да се зафати со создавање и работа на првата македонска радиостаница во слободната татковина. За оваа цел се издвојувани од првите борбени редови техничари и новинари и се испраќани во Горно Врановци на нови задачи. Програмската и новинарската активност ја презеде врз себе Владо Малески, а техничката страна Васко Петковски, одговорен офицер за техника при Главниот штаб на Народно-ослободителната војска на Македонија.
  59.  
  60. Борците техничари Боро Димитровски и Владо Стојчевски, со помош на други технички кадри, забрзано работеа врз оспособување на запленетата воена радиостаница и врз нејзина преадаптација. Поради недостиг на соодветни технички материјали и резервни делови задачата тешко и бавно се реализираше. По ослободувањето на Скопје заедно со други значајни објекти беше разурната и радиостаницата, изградена непосредно пред војната. Беа уништени техничките средства за емитување на програмата, беше испокршен дискотечниот фонд на поранешната радиостаница, a зградата онеспособена за работа. Катастрофално беше и во Маџари каде што столбот, зградата и предавателната техника во неа беа целосно уништени. И повторно од воените единици започна прибирањето технички кадри кои во воената команда во главниот град на Републикава изготвуваа технички планови, како од воениот трофеј да оспособат што посилна радиостаница во слободната татковина. Експериментите започнаа со една француска воена радиостаница на кратки бранови. Радио техничарите Крсто Ристевски, Александар Грков, Ефтим Митовски, Марко Плавевски, Перо Ристовски, Димче Петровски, Тодор Џартов и Стефан Ќосевски, подоцна со успех оспособија радиопредавател од американско потекло „СЦР" од 20 вати.
  61.  
  62. Новиот предавател успешно стартуваше од куполата на Офицерскиот дом во Скопје. Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија кон крајот на декември 1944 година се подготвуваше за Второто заседание, сега во слободната татковина, во зградата каде што и денес се наоѓа Собранието. Владо Малески му предложи на Президиумот на Собранието смела идеја - Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија да се пренесува директно преку Радио Скопје. Тоа беше нов предизвик, но и грижа како да се поврзе кабелски салата од каде што требаше да се врши преносот. Недостигаа стотици метри кабли кои не можеа да се најдат во Македонија. Беше најдено решение радиостаницата да се премести од Офицерскиот дом на покривот на Собранието на Македонија и од таму да се врши пренос од заседанието. По неколкудневна работа сè беше готово од технички аспект.
  63.  
  64. Денот на одржувањето на Второто заседание на АСНОМ е определен 28 декември 1944 година. Во еден дел на собраинската сала, зад микрофонот, многу возбуден, според сопственото сведочење, се наоѓаше Владо Малески во исчекување да започне собирот.
  65.  
  66. Секој миг во салата се очекуваше доаѓањето на првиот претседател на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија, Методија Андонов Ченто. Тогаш Владо Малески го започна своето јавување. Низ етерот, за првпат во ослободената татковина, се пренесоа зборовите на македонски јазик:
  67.  
  68. „Зборуе Радио Скопје, зборуе Радио Скопје, Драги слушатели, од салата на Собранието вршиме директен пренос на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија..."
  69.  
  70. По уводното репортерско јавување за значењето на Собранието и за точките што ќе ги разгледува, Владо Малески го најави настапот на Методија Андонов Ченто. По поздравите до сите присутни на Собранието, тој им се заблагодари на сите оние што со натчовечки напори овозможија низ етерот да се слушне македонскиот јазик, како и одлуките на Второто заседание.
  71.  
  72. Македонско Радио - Радио Скопје претставува ненаметлив сопатник - информатор на слушателите. Тој се одликува и со едноставност на стилот на вообличување на крајниот аудио-резултат – куси џинглови, кои ја идентификуваат програмата без да бидат премногу често присутни, водителски интервенции, кои неретко се без музичка подлошка.
  73.  
  74. Музичкиот избор, со кој обично далеку се надминува дневниот минимум од 45% вокално-инструментална музика на македонски јазик, паѓа врз македонската - најчесто поп музика, но и традиционална и новосоздадена музика. Програмата е целосно изворно создадена на македонски јазик.
  75.  
  76. Во ова менување на темпото, како сидра во времето служат вестите, кусите - на секој час, и подолгите вести - во 10 часот на кои се надоврзува „Радио спортот“, потоа „Точно напладне”, „Пладневен радиовесник”, „Прес 19” и „Радио 22”. Утрото е резервирано за информативни појаси, со нагласок на вообичаените сервисни информации, јавувања на дописниците за локалните случувања од внатрешноста на Македонија, сето тоа проследено со бројни музички паузи. Триесетина минути по пладнето, најмладите можат да ги слушнат своите омилени песнички, но и совети за добро однесување, занимливости од разни области, и по некоја радио драма.
  77.  
  78. Во часовите што следат, акцентот е на музичките содржини, со тоа што љубителите на културата, најновите информации можат да ги слушнат во емисијата „Културна клучалка“ меѓу 13 и 14 часот. Некаде околу 17 часот повторно се засилува информативното темпо, а неговиот интензитет започнува да опаѓа по 22:30 часот кога започнува ноќната програма. Во зависност од водителот, слушателите можат да се опуштат со забавни содржини, да научат нешто ново, или да го зголемат степенот на информираност. Доцните ноќни часови редовно се резервирани за содржини од областа на културата/уметноста класичната музика.
  79.  
  80. ===
  81. Македонско Радио - Радио 2 или само Радио 2 (од 1992 до 2002 познато под името Радио Херц и Канал 2000) е втората програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската Радио Телевизија. Со новата програмска шема, радиото се трансформира и емитува претежно рекреативно-забавна програма, со повеќе музички емисии и музика. Втората програма на Македонското радио се слуша во цела Македонија.
  82.  
  83. На 15 септември 1962 година започнува емитувањето на новата локална скопска програма за слушателите на градов. Тогаш програмата го исполнуваа два едноиполчасовни термини што се емитуваа преку 20 киловатен предавател во Маџари на 202 м. / 1485 kHz. Нејзината посебност најмногу се огледуваше во музичкиот дел на програмата кој се реализираше значително поревијално за разлика од Првата програма. Во 1965 година скопската програма имаше времетраење од 5 часа во работните и 2 часа во неделните денови. Преку вториот канал Радио Скопје во 1967 година се емитуваше програма во времетраење од 1.523 часа. Од тоа на говорната програма отпаѓаат 16, а на музичкиот дел 84 проценти што е карактеристичен сооднос за ваков вид програма. Од 1968 г. Скопска програма прерасна во Втора програма на Радио Скопје и емитуваше 3 часа во утринските часови и попладне од 15.00 до 18.000 часот. Втората програма на Радио Скопје, како конечно оформена целина која во нешто изменет и збогатен вид функционира и денес, беше создадена во 1980 година. Во 1992 г. Втората програма се преименува на преименува во Канал 2000, после се нарича Радио 2000 и Радио Херц.
  84.  
  85. Во програмата доминира музиката, зголемен е бројот на идентификации на радиото, обемот на промотивните најави, бројот на музички емисии, со што овој програмски сервис се профилира како медиум кој забавува и е со карактеристики послични на комерцијалните медиуми отколку на јавен сервис. Забавната програма изобилува со музички емисии, кои не само што ги следат трендовите на македонската и на светската музичка сцена, туку и ги потсетуваат слушателите на хитовите од едни други минати времиња. Кај Радио 2 музиката е разновидна, но најголем дел е поп музика. Секој час во 30-та минута од 07:30 до 16:30 часот се емитуваат сопствени, куси вести со времетраење од по две минути.
  86.  
  87. ===
  88. Македонско Радио - Радио 3 или само Радио 3 е третата програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската Радио Телевизија. Започнало со работа во 1976 годнина. Од 2002 година емитува програма на јазиците на заедниците во Македонија.
  89.  
  90. Третата програма започна да се емитува на 28 декември 1979 год. на денот на одбележувањето на 35-годишнината од основањето на Радио Скопје. Програмата се емитуваше секоја вечер со почеток од 20,00 часот на среднобранова должина, на ултракратки бранови и во стереотехника во траење од 2 часа. Подоцна почетното двочасовно времетраење на програмата се прошири на 4 часа и програмата се емитуваше до 24,00 часот. Организационо програмата беше поделена на четири дела: информативнополитички, научен, културен и музички. Во 1992 година Третата програма на Радио Скопје се преименува во „Радио Култура”. Програмата на Радио Култура од 15 јануари 2002 година е замолчена.
  91.  
  92. На 1 октомври 1994 е основан мултинационалниот канал на Македонското радио. Днес МР емитува програми на сите јазици на немнозинските заедници во Република Северна Македонија по Трета програма: на албански јазик - 8,5 часа, на турски јазик - 5 часа, на влашки, ромски, српски јазик и на бошњачки јазик - по 30 минути на ден.
  93.  
  94. ===
  95. Македонско Радио Сат е програма на Македонското радио кое е во склоп на Македонската Радио Телевизија. Својата прграма ја емитува преку сателит, интерент и во интервалот од 19 до 5 часот, секоја вечер, на фрекфенцијата од 810 kHz од предавателот Овче Поле.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement