HTML


HTML(HyperText Markup Language) е најдоминантен јазик за означување кој се користиза правење на веб страници. Овој јазик се користи за опишување на структурата на информациите во текст ориентираните документи со помош на означување/маркирање/подвлекување на одредени делови од текстот како што се насловите, параграфите, листите, итн., при што овој означен текст се заменува со интерактивни форми, вгнездени слики или други објекти. HTML исто така го опишува, до одреден степен, изгледот и семантиката на документот и може да содржи дополнителни својства, како на пример вгнезден програмерски код, кој може да влијае на однесувањето на веб прелистувачот или било кој друг HTML процесор. Во HTML 4 не постои јасно дефинирање на содржината од останатиот дел од страната.


<html>

<head>

<title>Ова е насловот што ќе го пишува горе во прелистувачот</title>

</head>

<body>

Тука било што се пишува, но најчесто работите се ставаат помеѓу <div> или <p> ознаката.

Скоро сите ознаки мора да се завршат.

Скоро сите ознаки мора да се завршат.

Најчесто се завршуваат со додавање на </****>

<strong> (на местото на ѕвездите се пишува ознаката што сакаме да го завршиме)</strong>

</body>

</html>




Постојат четири вида на тагови кои овозможуваат да се структурира страната:


  1. наслови - h1, h2, h3, h4, h5, h6
  2. за форматирање на текстот - p, q, address, blockquote, cite, pre, abbr, b, br code, del, dfn, em, hr, i, ins, s, small, strong, sub, sup
  3. набројувања и листи - ul, ol, li, dl, dd, dt
  4. за ограничување и позиционирање - body, div, span

Во HTML постојат и тагови со чија помош може да се пишуваат математички формули. На пример: Χn2+log(ex)


Некои од исфрлените тагови во HTML 5

Сите права се задржани. © ФИНКИ Скопје, Македонија