Advertisement
PatrZDZ

Fiktiv North Macedonia - Alfa TV

Oct 24th, 2020
95
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 6.69 KB | None | 0 0
  1. Алфа ТВ е приватна национална телевизиска станица, која започна да емитува на македонски јазик на трети јуни 2008 година во Скопје и во посредство на сателит во цела Европа, Северна Африка и делови на Азија. Од Јуни 2013 Алфа стана национален телевизиски канал. Програмата може да се следи и преку македонските интернет телевизии Zulu.mk и MaxTV, како и на официјалниот веб портал на Телевизија Алфа.
  2.  
  3. Телевизијата е од конвенционален карактер, што значи дека нуди информативни содржини, културно-забавна програма, која ја опфаќа филмската и документарната продукција и спортска програма. Соодветно на тоа и организациски редакциите се поделени на информативна, контактно-забавна и спортска редакција, каде што работат преку 50 новинари и уредници, а во целата телевизија се вработени вкупно 137 луѓе.
  4.  
  5. Телевизијата е опремена со најсовремена технологија и е една од најдобро опремените телевизии во регионот. Продукциската опрема во Алфа е целосно дигитализирана. Заснована е на систем кој работи во XDcam формат (дигитален запис на камерата) и на BlueRay дискови. Телевизијата има две студија. Првото на површина од околу 220 квадратни метри е наменето за продукција и има седум камери плус кран камера, а второто студио на површина од околу 72 квадратни метри е наменето за вести и е опремено со три камери. Во техничкиот оддел на Алфа телевизија работат 11 монтажери, 12 сниматели, 6 режисери, 6 реализатори, 8 видео миксери и 8 тон мајстори.
  6.  
  7. Телевизијата од своето основање во 90-тите години беше локална скопска телевизија која го носеше името ТВ Скопје. Потоа беше купена од страна на познатиот грчки медиумски магнат Димитрис Кондоминас. Поради тоа што телевизијата не доби национална концесија, Грците набрзо ја продадоа телевизијата, со што нови сопственици постанаа Французи, но и тие немаа успех со работата на телевизијата, па во 2008 сопственик стана познатиот македонски стопанственик Штерјо Наков. Зделката била вредна половина милион евра. Во 2012 ТВ Алфа е повторно продадена.
  8.  
  9. Вести
  10. Понеделник - Петок: 10:30, 12:30, 14:30, 17:30, 22:00
  11. Сабота - Недела: 17:30, 22:00
  12. Главниот предизвик на Информативната програма и на нејзината новинарска екипа е да направи квалитетни Вести и други информативни емисии кои ќе одговараат на интересот на публиката. Според старатегијата и појдовните принципи на Информативната програма идеата е да се обезбеди поинаков пристапза да се образложат работите докрај, да се отворат и да се исцрпат сите можни одговори во врска со некоја тема, а не тоа да биде само површно. Тимот на информативната програма е составен од еден креативен спој на искуство и млада екипа. Програмата е поделена на редакции за политика, економија, култура и образование и деск и интернет изданија.
  13.  
  14. 5 до 7 - Утринска програма
  15. Понеделник - Петок: 06:55
  16. Отпочнете го денот со Алфа ТВ и со Утринска емисија – 5 до 7. Ќе ви помогнеме да го организирате вашиот ден со информациите кои се однесуваат на времето, информации за настаните на деност, сервисните информации за состојбата на патиштата и граничните премини, со информации од културата и оние кои ќе ви помогнат да се определите за некоја нова дестинација... Во исто време ќе можете и вие да учествувате во програмата со вашите јавувања на отворените телефони за да го искажете вашето мислење за одредени прашања.
  17.  
  18. Портик
  19. Понеделник - Петок: 09:30
  20. „Портик“ е попладневна забавно-контактна програма. Теми на кои најмногу им се отстапува простор во ПОРТИК се културно-забавни настани, изложби, промоции, концерти, модни случувања, настани од општествениот живот, секојдневни актуелности… Освен снимнените прилози со кои ги информираме гледачите за сето она што е интересно и актуелно, во „Портик“ секојдневно во живо се водат разговори со луѓе кои се во фокусот и со кои гледачите можат да остварат контакт на телефонскиот број.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement