daily pastebin goal
20%
SHARE
TWEET

Untitled

a guest Mar 20th, 2019 53 Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
  1. Крушевска Република
  2. 1.  Подготовки за востанието
  3. Во јануари 1903 година се одржало третот заседание на  Солунскиот конгрес. Тоа траело час и половина, а на него се прифатил и потпишал протокалот за извржената работа и преземените решенија. Решитело против востанието единствено се изјаснил, грчкиот делегат Лазар Димитров, но по одредено време и тој се согласил со заедничкото решение. Најважниот аргумент против оваа востание, бил недостигот на орушије во повеќето региони. Овој аргумент бил демантиран од бугарскиот делгат Иван Гавранов кој тврдел дека во скоро време ќе се случат големи доставувања на оружије и дека при општо востание Бугарија ќе помогне во снадбување со орушије и други потренбни материјали. Единствено што фалело тука е одобрение од прилепскиот конгрес во битолскиот округ за дигање на востание иако некој сметале дека е сеуште рано за востание. Меѓу најподготвените региони биле Ресенски, Костурски и Демирхисарски, најнеподготвени биле Прилепски, Битолски и Кичевски, а додека пак Охрид имал само 1500 пушки. Многу од револуционерите сметале дека е рано и тоа: Ѓорѓи Сугаре, Петар Ацев, Никола Карев, Никола Петров Русински, но биле прекинати од страна на Дамјан Груев кој како еден од основачите на МРО уживал во голем афторитет.Поради оваа конгресот уште на самиот почеток донел повеќе решенија, за подготвовка за востание меѓу кои биле
  4. -   Востанието да има партизанско четнички карактер
  5. -   Востанието да биде масовно
  6. -   Населението да биде поштедено од воени дејствија
  7. Биле формирани повеќе горски начелства, за секој ревулционерен округ, во состав на горскиот штаб на Крушевската република влегле Никола Карев, Тома Никлев и Тодор Христов- Офицерчето. Во сите овие региони биле избрани воени лица, кои што имале улоги на инструктори, а во Крушевската република бил избран Офицерчето. Во јуни бил издаден општ правилник на востанието каде според советувањето во Софија и Солунскиот конгрес требало да се водат Герилски Борби.
  8. Тоа значело дека сите чети треба да дејствуваат во исто време  по целата територија на Македонија. Целта не била да се победи Турција, туку Турција да не може да ги победи востаниците. Востанието требало да биде со по слаб интензитет за да може да трае долготрајно. Востаничките дејности требало да се одвиваат се до зимата, а потоа да се митува до пролет и повторно да се продолжи. Со ова Македонија била поделена на 6 востанички зони, а најголема територија поседувал Битолскиот револуционерен округ во чиј состав влегле Велес, Охрид, Прилеп,Мариово и други.
  9.  
  10. 2.  Илинденско Востание
  11. Илинденското востание претставува востание на македонскиот народ, против османлиската власт. Конгресот одржан во Солун, донел одлука на пролет да се крене воружено востание, но  главниот востанички штаб на битолкскиот револционерен округ донел одлука, востанието да започне на денот свети Илија на 2.8.1903 година. По започнувањето на востанието задграничното претприемништво на организацијата во Софија  им предало на владите на европските земји, Декларација со која биле известени за неподносливата експлатација и жестокоста на режимот на османлиската државава, која не ги почитувала елементарните права признаени на македонскиот народ со Берлинскиот Конгрес и од нив барале да интеревенираат за да се присили владата на Турција да ги изврши преземените обврски и на Македонија да и се даде Автономија. Востаничките сили започнале напади во сите востанички региони. Па така востаниците од Крушевскиот востанички период со добро организиран напад усепале да го ослободат Крушево. Исто така биле ослободени  и поголемите населени места Клисура и Невеска. Во ослободеното Крушево била создадена Крушевска република. Во другите револционерни окрузи востанието имало карактер на герилско војување. Биле активирани сите воружени чети кој вршеле напади на гарнизони, страшарници, а исто така биле напднати и патишта, железнички линии и друго. Најмасовно востанието било во битолскиот револционерен округ, каде што била извршувана мобилизација на голем број од  боречкото население.  Во одринскиот револуционерен округ востанието започнало малку подоцна. Таму по конгресот на Петрова нива де испратило барање до Централниот комитет каде било побарано да се одложи датумот на востанието. Централниот комитет можел да одложи само десет дена, но тие самите решиле да си дадат уште петнаесет дена со што востанието започнало на 6 август 1903 на ден Преображение. Европските сили не го поддржувале ова востание па и дале одврзани раци на Турција за да го задуши востанието. Оваа ситуација не им одговала ни на соседните држави на Македонија кои биле за ликвидирање на МРО поради стравот за формирање автонома македонска држава. Во ваквки услови, опколено со непријатели од сите страни, востанието успеало да постои до крајот на 1903 година спротивставувајќи и се на модерно оружената турска армија. Таа пак започнала со тотално уништување на македонските села и масакрирање на македонскиот народ. За да се поштеди населението од стадањата и маките на воениот штаб издал одлука со која било решено да запрат востаничките активности.
  12.  
  13.  
  14. 3. Организација на републиката
  15.  По ослободувањето на градот Крушево, била создадена Крушевската Република на 3.8.1903 година, во која била воспоставена востаничка власт, организирана врз демогравските и револуционерните начела. На чело на републиката, односно нејзин претседател бил Никола Карев, а исто така бил и началник на Горското Началство кое ја претставувало воената власт во Републиката. При првото влегување на Карев во градот тој им се обратил на граѓаните со говор. Кој вели дека за човекот нема поголемо богатство од слободата и од  правото спокојно да твори и создава. Додека за премиер на Крушеската Република бил Вангел Дину. Највисок орган на оваа република претаставувал Советот на месната ревулционерна власт, кој се состоел од 60 чена, по 20 члена од секоја националност, за еднакви права во републиката. Во крушевската Република постоеле три народности:македонска, влашка и албанска.Советот уште бил наречен и претставничко тело на Републиката. Претставничкото тело е највисока цивилна власт, кој сите свој одлуки ги носело во полза на Македонската Револувионерна организавција, и се стремело да го наведе народот без разлика на нивната етничка група во идејата за создавање на автономна Македонија. Исто така собранието избирало Биро кое се стоело од претседател Теохар Нешков и секретар Ѓорѓи Чаче. Бирото предложувало дневен ред, на кој собранието гласало. На првата седница на собранието било одлученоуправата во државата да биде Републиканска.Советот исто така избирал и привремена управа. Во неа учестувавле 6 члена:Вангел Дину ( Претседател и одговорен за сутствтвото), Ѓорѓи Чаче (реквизиција), Теохар Нешков (финансии), Христо Ќуркчиев (Одговорен за редот и безбедноста), Димитар Секулов (прехрана) и Никола Баљу (санитет). Во своето десетднево постоење Владата огранизирала револуционерен цуд за крвични и за граѓански предмети, поштенска служба, санитетска слушба со болница, Леарница за куршуми, произвотство на востаничка опрема, бил распишан данок и започнало собирање доброволни прилози, била извршена реквизација на предмети и објекти за потребите на востаничката власт и за одбрана на градот, претпријатијата биле национализирани, биле изработени неколку црешови топчиња, биле преземени мерки за фортификациско утврдување на градот за одбрана. Исто така главна задача на Владата била да се грижи за снадбувањето на востаниците со се што е неопходно за продолжување на востанието, меѓутоа таа морала да води сметка и за потребите на граѓаните. Освен тоа во Републиката постоела милиција и судство. Милицијата била создадена веднаж по ослобдувањето на градот. На чело на милицијата стоел Христо Ќурчев, а таа била оргаизирана во 18 групи од по 8 до 10 члена на чело со началници. Додека пак на чело на сутството стоел Никола Карев. Тоа се подразбира имало цел да им суди на затворениците. Оваа огранизација што Крушевската република ја направила во толку краток период била извонредна, дури и по совршена од некој Републики кои постоеле со години. За тоа сме должни највеќе на нејзиниот претседател и Горското Начелство или Штабот кој го создал Советот па и ги одбрал останатите тела во Републиката.
  16. 4. Пад на  КрушевскатаРепубликата
  17. Организацијата во Крушевската Република била совршена и тоа ама вопшто нема никаква врска со нејзиниот пад.  Првите обиди на османилите започнале уште дената кога била создадена Крушевската република.
  18. -   На 3ти август.
  19. Првите судири започнале со пазарџитее муслимани. Кога од околните крушевски села, на пазарен ден, поледелник, околку 50тина пазарџии кои секогаш биле добро ворушени дошле во судир со македонската војска кај преминот  Којов Трн, меѓутоа биле принудени да се врата назад. Освен овде муслиманските пазарџии се појавиле од сите четири страни на Куршевската Република, но македонската војска била добро подготвена и те на секој премин била прнудени да се вратат назад. Истата ден 300 војници од прилеп тргнале по џадето Прилеп –Крушево, но некаде на половлина и тие принудно се вратиле назад. Првите обиди за преземање биле попречени со кревањето на востание на целиот битолски вилает. Исто така османлите се плашеле да нападнат од некој страни бидејќи сметале дека македеонските восјски можат да им имаат поставено стапици.
  20. -   На 4ти август
  21. Војската и бандите кои претходниот ден се повлекле, дента се обиделе на влезат во градот но не успеале. Тие се обиделе да навлезат во градот кај Деникамен и Бушава Чешма, но се изненедиле кога стратегиските места била празни, па погодолшиле кон Крушево. На влезот пред Крушево тие се сочиле со заседа кај Бела Вода поставена од војводата Ѓурчин. Се обидал да нападнат, но не усеале.Потоа се обиделе да нападнат од сите можни места, при што прилепските башибозуци сватиле дека градот е бранет од слини востанички одреди кои имаат висок борбен морал.
  22. -   Потоа следувале мирни денови за републиката. По неуспешните обиди за освојување следувало период на мир и затишије во целата крушевска република. Во следните неколку дена нападите врз крушеската република продолшиле после 8ми август. На 8ми август, Горското началство добило писмо од Петар Алцев, во кое се работело за илијадната војска која стигнала во Прилеп и која се подготвувала за напад на Крушево.Но 8ми таа се уште не била добро организирана, па затоа нејзиниот напад започнала на 11ти август. Населоението во градот забележало дека е во опасност дури кога востаничките чети започнале да се повлекуваат, но тие не се покориле, туку едноставно го напшиуштиле градот. Населението го зело само онаа што му е неопходно и го напуштило градот, а оние кој не успеале да го напуштат градот се криеле во егзархиските куќи. Неуспешните обиди за бегство од градот биле поради поставеноста на топови на сите страни. Градот бил бомбардирана, меѓутоа тоа се случило во делови кои што веќе биле опустошени.
  23. -   На 13ти август горадот конечно се покорил, тоа се забелешило по белите знамиња кои се веле од куќите. Војниците ги повикале населението да ги напушти своите живеалишта и потоа било претресувано, а дел од народот бил и убиван.
  24. -   Иако постела 10 дена Крушевската Република е од големо значење за македонскиот народ.
RAW Paste Data
We use cookies for various purposes including analytics. By continuing to use Pastebin, you agree to our use of cookies as described in the Cookies Policy. OK, I Understand
 
Top