Advertisement
borisdexter

ИКТ во образование

Apr 25th, 2019
88
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 3.53 KB | None | 0 0
  1. Типови на МООК
  2.  
  3.  Во досегашниот краток развој на МООК успеале да се издиференцираат два типа: кМООК и хМООК. Притоа едната група курсеви не е подобра од другата, тие се доста различни и имаат свои бенефиции како и недостатоци. Целта е изучување на некоја тема, ученикот ја има слободата да одбере кој тип на МООК повеќе ќе му одговара на неговите потреби.
  4.  
  5.  Разлика помеѓу кМООК и хМООК е тоа што кај кМООК изучувачите на курсот се во центарот на внимание и тие сами придонесуваат кон своето знаење, додека кај хМООК во центар на вниманието е професорот кој го води курсот и ги насочува учениците.
  6.  
  7. кMOOK
  8.  
  9.  Кај кМООК, „к“ означува конективизам и првиот креиран МООК спаѓа во оваа група. Теоријата на креаторот на овој курс се заснова на идејата дека учењето се случува во мрежа, каде што учениците користат дигитални платформи како што се блогови и социјални мрежи, со цел да се поврзат со содржината.
  10.  
  11.  Првиот МООК всушност бил КМоок. Кај овој тип на курсеви учениците се охрабруваат активно да придонесуваат кон учењето, користејќи дигитални платформи. Главна карактеристика е тоа што учениците се ослонуваат на знаењата и идеите на другите ученици кои го изучуваат курсот. Сето тоа се одвива преку посебни панели отворени за дискусија и пристапливи од сите ученици.
  12.  
  13.  Најчесто кМООК не се спонзорирани од страна на високообразовни институции. Тие се организирани од страна на индивидуалци со пасија кон одредена област.
  14.  
  15. хМООК
  16.  
  17.  Се појавува во 2011 година,со поголема популарност. Oвој тип на МООК, кои се нудат на универзитетски платформи, се засноваат на традиционални материјали и високообразовни методи на учење. Во центарот на вниманието е професорот и тој го води целиот курс. Курсот најчесто вклучуваат видеолекции, интерактивни квизови и тестови како метод за оценување на напредокот на ученикот.
  18.  
  19.  Овие курсеви се со поголем квалитет бидејќи се предводени од лице кое веќе го има усовршено материјалот и го пренесува своето знаење со голема прецизност.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement