Advertisement
Guest User

Untitled

a guest
Apr 1st, 2020
171
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 8.33 KB | None | 0 0
  1. Општеството во Франција претставено преку ликовите на Чичко Горио и Растињак.
  2.  
  3. Испреплетувањето на реалистичните и социјалните елементи создаваат еден прекрасен роман во кој главната цел на авторот Балзак е да ни прикаже дека семејството е најважнoто и најскапоцено нешто во човековиот живот .
  4.  
  5. Во Француското општество движечката и водечката сила ја имале пари. Тие предизвикале морална деформација во општеството. Тоа најдобро може да се воочи преку ликовите на Горио и Растињак.
  6. Чичко Горио бил сместен на првиот кат во пансионот Вокер, во најубавиот стан. Секојдневно се дотерувал, со убава облека, перика и со златен синџир. Чичко Горио е типичен пример за некогашен богат фабрикант, поранешен член на високото општество односно припаѓал на Буржуазијата. Тој имал две ќерки и од кога починала неговата сопруга се решил да се посвети на неговите ќерки. Тој сите пари што ги заработувал ги трошел за нив за тие даживеат богато . Имале најдобри учители, јавале коњи и безброј други луксузи. Од мали ги имале сите задоволства и се што ќе посакале материјално чичко Горио им удоволувал. Кога стасале на возраст за мажење, Чичко Горио со своите пари им нашол мажи од висока класа, односно им купил титули и им го поделил богатството оставајќи си за себе само колку што му било неопходно. Анастазија ја омажил за гроф, па таа станала грофица, а Делфина ја омажил за барон и таа станала бароница. За титулите дал големо богатство, на тој начин сметајќи дека засекогаш ќе ги обезбеди ќерките и ќе им овозможи лагоден живот. Тој прави се за нив, за да ја добие нивната љубов. Тие стануваат безчуствителни суштества кој на својот татко гледаат како извор на пари а не на родителска љубов и грижа. Всушност правото лице на неговите ќерки се гледа кога тие доаѓаат само кога им треба пари и така ја отежнуваат неговата положба.Неговите ќерќи го доведуваат до најлоша можна егзистенска состојба и без тронка жалост го отфрлаат својот осиромашен татко. Kако минувало времето неговите ненаситни ќерки му го земале и тоа малку што му останало, а тој осиромашувал и се качувал сè погоре во пансионот Вокер. Неговите ќерки го посетувале само кога им требало пари. Иако им го дал сето свое богатсво тие продолжиле да доаѓаат во пансионот само за пари. Тие воопшто не го почитувале. Чичко Горио е свесен дека само заради пари неговите ќерки доаѓаат кај него,но толку била силна љубовта кон неговите ќерки што го потиснувал тоа што знаел дека доаѓале само за пари. Горио се откажувал од своите потреби за да има пари да задоволи по некој хир на неговите керки. Накрај си ја продал животната лента, со што останал без било какви приходи додека се напраил за своите ќерки. Чичко Горио поминува низ родителска драма и е жртва на својата опсесивна љубов кон своите ќерќи. Делфина и Анастасија се двете причини заради кои Чичко Горио осиромашил и бил доведен на дното. Тие нивната неблагодарност ја покажуваат со непосетување на својот болен татко, не одењето на неговиот погреб, и невозвратена љубов спрема него. На крајот, сфаќајќи дека создал бесчувствителни монструми тој паѓа во очај и умира.
  7. -Растињак е студент кој студирал право. Потекнува од осиромашената благородничка класа.Тој бил убав, но сиромав и затоа не бил приметуван од страна на убавите девојки во франција. Неговите намери биле да успее во животот со работа, чесност и учење. Тој одеднаш ја сменил својата насока за идниот живот, сакал да стане славен и богат бидејќи почнал веќе со посета на некои балови. Така тој делумно влегол во високите кругови на општеството. Чесното момче кое почнало со моденскиот живот за кој треба пари доаѓа до таа морална деформација што ја злоупотребува љубовта на семејство за да дојде до пари. Растињак сфатил дека му требаат пари за да биде примен во поголемите кругови и побарал пари од неговите сестрите и мајка му. Тие биле многу сиромашни но знаел дека се подготвени да направат се за него дури и да се откажат од сопствениот живот . Во писмото ги лаже зошто му требаат пари . Парите му биле потребни за нова богата облека , за може да биде забележан кај жените. Подоцна, Растињак го мачела совества, бидејќи порано бил чесен, но сега ја злоупотребил љубовта на своите блиски. Високото општество ќе се обиде обиде да го деморализира сиромашниот студент, да му ја одземе човечноста, но Горио е оној кој ќе биде неговото огледало и тајниот глас на моралот и во последен час ќе го спаси од моралното деградирање.
  8.  
  9. Овој безвременски роман, пишуван по вистински настан е доказ дека парите и богатството морално го уништуваат човекот, со што избледуваат вистинските вредности и чуства. Секој човек треба да се отргне од негативната моќ на парите, за да ги почуствува вистинските вредности на животот.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement