Advertisement
Guest User

Untitled

a guest
Feb 27th, 2020
93
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 3.22 KB | None | 0 0
  1. Освен зголемувањето на концентрацијата на СО2 и други фактори можат да предизвикаат емисии на затоплување и заладување. Во леденото доба се гледа дека во некои прилики може да се зголеми температурата, илјадници години пред зголемувањето на концентрацијата на СО2. Ваквите резултати потврдуваат за взаемните односи на климата со СО2 и тоа промени во СО2 влијаат на измена на климата, но и промените во климата влијаат на концентрацијата на СО2. Еден предложен механизам за ваквиот ефект е тоа што наглото зголемување на концентрацијата на СО2 од океаните е одговор на климатските промени. Шпекулативно и полемично е мислењето дека односот на зголемената температура и зголемената концентрација на СО2 е едностран и тоа дека зголемената концентрација на СО2 во атмосферата не е ништо друго освен продукт на зголемената температура. Стрикно “ едностраниот ” преглед на односите помеѓу СО2 и температурата противречи на основните резултати во физиката кои укажуваат на фактот дека абсорпцијата и емисијата на инфрацрвено зрачење од СО2 се зголемува како што се зголемува и својата концентрација во атмосферата. Првиот принцип од емпириското набљудување укажува дека позитивниот feedback од концентрацијата на СО2 го засилува затоплувањето кое првично е предизвикано од други фактори. Сегашното ниво на СО2 го надминува опсегот најден во податоците од леденото доба. Изотопските анализи на атмосферскиот СО2 потврдуваат дека горењето на фосилните горива е најбитниот извор за зголемување на концентрацијата на СО2, за разликата од времето пред интерглацијалните периоди. Како што е погоре запишано, моделите кои го вклучуваат зголеменото СО2 ниво кога се симулираат неодамнешните климатски промени во набљудуваните податоци одат на подобро, за разлика од моделите во кои не е вклучено зголеменото СО2 ниво.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement