
Untitled
By: a guest on
Jun 26th, 2012 | syntax:
None | size: 3.21 KB | hits: 13 | expires: Never
Да учите да љубите без да очекувате да бидете љубени. Само така ќе бидете слободни и ќе можете да правите многу нешта со таа слобода. За жал, луѓето не и веруваат на слободата, не ја бараат, а напротив – тражат начини да се обврзуваат. Слободата им тежи, досадна им е и незнаат што да прават со неа. Друго им е кога се потиснати, кога треба да се борат… Тогаш човекот има за што да се грижи, да страда и да плаче. Само големите Учители можат да го разрешат овој проблем со себе си. Ним не им е грижа дали се љубени или не. Тие постапуваат како Сонцето, кое што постојано ја испраќа својата љубов кон сите созданија. За нив не е важно да знаат дали нивната љубов достигнува само до некој или до сите. За нив има значење само дека таа Божествена енергија поминува преку нив и тоа ги задоволува, восхитува и вдахновува.
За да го разберете ова, треба да знаете дека љубовта, вистинската љубов, е над сексуалната жед и дури над сите чувства. Една состојба на свеста. Привлекувањето е феномен кој што не може да се пројавува кај меѓу сите созданија, затоа што тука станува збор за чистота на фрекфенциите, треперење, за флуиди. Последователно, зависи од чисто физички елементи. Чувството е повисоко од привлекувањето. Тоа може да се вдахнови од фактори како морал, разум, дух. И тоа е променливо, денес нешто сакаме – утре веќе не.
Целото човештво е променливо, и тоа не само кон луѓето, туку и кон предметите и се останато. Постојаноста е една од ретко среќаваните карактеристики кај луѓето. Возможно е постојано да сте пред и над се вознесени од љубовта, ако успеете да ја изживувате како состојба на вашето сознание. Ако престанете да ја чувствувате љубовта само како сензација и привлекување, а да ја живеете како состојба на вашата свест, тогаш е возможно вознесеноста да е придружена и од восхит, и… Веќе сте возљубени.