Advertisement
Guest User

Untitled

a guest
Apr 19th, 2015
278
0
Never
Not a member of Pastebin yet? Sign Up, it unlocks many cool features!
text 26.82 KB | None | 0 0
  1. ## Глава XIX
  2.  
  3. ПОСЕБНИ ИСТРАЖНИ МЕРКИ
  4.  
  5. ### Член 252
  6.  
  7. Цел и видови на посебни истражни мерки
  8.  
  9. 1. Кога е веројатно дека ќе се обезбедат податоци и докази неопходни за
  10. успешно водење на кривичната постапка, кои на друг начин не можат да се
  11. соберат, може да се преземат следниве посебни истражни мерки:
  12. 1. следење и снимање на телефонските и другите електронски комуникации во
  13. постапка утврдена со посебен закон;
  14. 2. следење и снимање во дом, затворен или заграден простор што му припаѓа на
  15. тој дом или деловен простор означен како приватен или во возило и влез во тие
  16. простории заради создавање на услови за следење на комуникации;
  17. 3. тајно следење и снимање на лица и предмети со технички средства надвор од
  18. домот или деловен простор означен како приватен;
  19. 4. таен увид и пребарување во компјутерски систем;
  20. 5. автоматско, или на друг начин, пребарување и споредување на личните
  21. податоци;
  22. 6. увид во остварени телефонски и други електронски комуникации,
  23. 7. симулиран откуп на предмети;
  24. 8. симулирано давање и примање поткуп;
  25. 9. контролирана испорака и превоз на лица и предмети;
  26. 10. користење на лица со прикриен идентитет за следење и собирање на
  27. информации или податоци;
  28. 11. отворање симулирана банкарска сметка и
  29. 12. симулирано регистрирање на правни лица или користење на постојни правни
  30. лица за собирање на податоци.
  31. 2. Во случај кога не се располага со сознание за идентитетот на сторителот на
  32. кривичното дело, посебните истражни мерки од ставот (1) на овој член може да
  33. се определат и спрема предметот на кривичното дело.
  34.  
  35. ### Член 253
  36.  
  37. Кривични дела за кои може да се определат посебните истражни мерки
  38.  
  39. Посебните истражни мерки може да се определат, кога постојат основи на
  40. сомневање:
  41.  
  42. 1. за кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години,
  43. а се подготвуваат, во тек е извршување или се извршени од страна на
  44. организирана група, банда или друго злосторничко здружение или
  45. 2. за кривичните дела убиство од членот 123; грабнување од членот 141;
  46. посредување во проституција од членот 191 ставови (1), (3) и (4); прикажување
  47. на порнографски материјали на малолетник од членот 193; производство и
  48. дистрибуција на детска порнографија од членот 193-а; намамување на обљуба
  49. или друго полово дејствие на малолетник кој не наполнил 14 години од членот
  50. 193-б; неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги,
  51. психотропни супстанции и прекурсори од членот 215 ставови (1) и (3);
  52. оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем од членот 251
  53. ставови (4) и (6); изнуда од членот 258; уцена од членот 259 став (2);
  54. присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство или
  55. природна реткост од членот 265; изнесување, односно извезување во странство
  56. на добра под привремена заштита или културно наследство или природни
  57. реткости од членот 266 став (1); отуѓување на културно наследство од особено
  58. значење во државната сопственост од членот 266-а; перење пари и други
  59. приноси од казниво дело од членот 273 ставови (1), (2) и (3) и од ставови (5), (6), (8) и (12); криумчарење од членот 278 ставови (3) и (5); царинска измама од
  60. членот 278-а; злоупотреба на службена положба и овластување од членот 353;
  61. проневера во службата од членот 354; измама во службата од членот 355;
  62. послужување во службата од членот 356; примање на поткуп од членот 357
  63. ставови (1), (4), (5) и (6); давање на поткуп од членот 358 ставови (1) и (4);
  64. противзаконито посредување од членот 359 став (6); незаконито влијание врз
  65. сведоци од членот 368-а став (3); злосторничко здружување од членот 394 став (3); терористичка организација од членот 394-а ставови (1), (2) и (3); тероризам
  66. од членот 394-б и финансирање тероризам од членот 394-в сите од Кривичниот
  67. законик или
  68. 3. за кривични дела против државата (Глава XXVIII), кривични дела против
  69. човечноста и меѓународното право (Глава XXXIV) од Кривичниот законик.
  70.  
  71. ### Член 254
  72.  
  73. Поттикнување и помагање кај посебните истражни мерки
  74.  
  75. 1. Со преземањето на посебните истражни мерки од членот 252 став (1) на овој
  76. закон не смее да се поттикнува на извршување кривично дело.
  77. 2. Против лицето кое ги презема посебните истражни мерки од членот 252 став (1) на овој закон нема да се преземе кривично гонење за дејствијата што
  78. претставуваат помагање за кривично дело, а се сторени заради обезбедување на
  79. податоци и докази за успешно водење на кривичната постапка.
  80.  
  81. ### Член 255
  82.  
  83. Лица против кои може да се определат посебни истражни мерки
  84.  
  85. 1. Согласно со условите од членот 252 став (1) на овој закон, наредбата може да
  86. се однесува на лице кое:
  87. 1. сторило кривично дело од членот 253 на овој закон;
  88. 2. презема дејствие на извршување на кривично дело од членот 253 на овој
  89. закон или
  90. 3. подготвува извршување на кривично дело од членот 253 на овој закон кога
  91. подготвувањето е казниво според одредбите на Кривичниот законик .
  92. 2. Наредбата може да се однесува и спрема лице кое прима или проследува
  93. пратки од осомничениот или осомничениот користи негово комуникациско
  94. средство.
  95. 3. Доколку при примената на мерката бидат следени и снимени комуникации на
  96. лица кое не се опфатени со наредбата, јавниот обвинител е должен да ги издвои
  97. и да го извести судијата на претходната постапка. По предлог на јавниот
  98. обвинител, судијата на претходната постапка може да нареди од целосната
  99. документација од примената на мерката да се издвојат само делови што се
  100. однесуваат на кривичното дело за кое е издадена наредбата.
  101.  
  102. ### Член 256
  103.  
  104. Орган овластен за наредување на посебните истражни мерки
  105.  
  106. Мерките од членот 252 став (1) точки 1, 2, 3, 4 и 5 на овој закон по образложено
  107. барање на јавниот обвинител ги определува судијата на претходната постапка со
  108. писмена наредба. Мерките од членот 252 став (1) точки 6, 7, 8, 9, 10, 11 и 12 на
  109. овој закон ги определува јавниот обвинител со писмена наредба.
  110.  
  111. ### Член 257
  112.  
  113. Содржина на наредбата
  114.  
  115. 1. Наредбата со која се определува една или повеќе посебни истражни мерки
  116. содржи:
  117. - законски назив на кривичното дело,
  118. - лицето или предметите врз кои ќе се применат мерките,
  119. - техничките средства кои ќе се применат,
  120. - обемот и местото на спроведување на мерките,
  121. - сознанијата и доказите врз основа на кои се засноваат основите на сомневање и
  122. образложение за причините поради кои податоците или доказите не можат да се
  123. соберат на друг начин,
  124. - органот што треба да ја спроведе наредбата и
  125. - времетраењето на мерката.
  126. 2. Наредбата за следење и снимање на комуникациите од членот 252 став (1)
  127. точки 1 и 2 на овој закон, треба да ги содржи и видот на телекомуникацискиот
  128. систем, телефонскиот број или друг податок за идентификација на телекомуникацискиот приклучок.
  129.  
  130. ### Член 258
  131.  
  132. Овластен орган за спроведување на посебните истражни мерки
  133.  
  134. 1. Мерките од членот 252 на овој закон ги спроведува јавниот обвинител или
  135. правосудната полиција под контрола на јавниот обвинител. Во текот на
  136. извршување на мерката правосудната полиција изготвува извештај кој го
  137. доставува до јавниот обвинител по негово барање.
  138. 2. По спроведување на мерките правосудната полиција изготвува посебен
  139. извештај кој го доставува до јавниот обвинител.
  140. 3. Во извештајот од ставот (2) на овој член се наведени:
  141. 1. времето на почеток и завршување на мерката;
  142. 2. бројот и идентитетот на лицата опфатени со мерката и
  143. 3. краток опис за текот и резултатите од примената на мерката.
  144. 4. Целокупната документацијата на техничкиот запис се доставува до јавниот
  145. обвинител, во прилог на посебниот извештај.
  146. 5. Јавниот обвинител посебниот извештај и целокупната документација од ставот (3) на овој член ги доставува до судијата на претходната постапка.
  147.  
  148. ### Член 259
  149.  
  150. Користење на посебните истражни мерки како доказ во кривичната постапка
  151.  
  152. 1. Податоците, известувањата, документите и предметите прибавени со примена
  153. на посебните истражни мерки од членот 252 на овој закон, под услови и на начин
  154. утврдени со овој закон, може да се користат како доказ во кривичната постапка.
  155. 2. Изјавите добиени со примена на посебните истражни мерки од лица кои
  156. согласно овој закон се ослободени од обврската за сведочење не може да се
  157. користат како доказ.
  158. 3. Лицата што учествувале во спроведувањето на мерките од членот 252 став (1)
  159. точка 10 на овој закон може да се испитаат како заштитени сведоци под услови
  160. определени со членот 226 до 232 од овој закон.
  161. 4. Идентитетот на лицата кои учествувале во спроведувањето на мерките од
  162. членот 252 став (1) точка 10 на овој закон претставува службена тајна.
  163. 5. Ако при примената на мерката не е постапено во согласност со одредбите на
  164. овој закон, врз добиените податоци не може да се заснова судската одлука.
  165.  
  166. ### Член 260
  167.  
  168. Времетраење на примена на мерките
  169.  
  170. 1. Посебните истражни мерки може да траат најдолго четири месеци.
  171. 2. Продолжување на мерките од членот 252 став (1) точки 1, 2, 3 и 4 на овој
  172. закон најдолго за уште четири месеци може да одобри судијата на претходната
  173. постапка, а по образложено писмено барање на јавниот обвинител.
  174. 3. За кривични дела за кои е пропишана казна затвор од најмалку четири години
  175. за кои постои основано сомневање дека се извршени од страна на организирана
  176. група, банда или друго злосторничко здружение, судијата на претходната
  177. постапка може да го продолжи рокот од ставот (2) на овој член за уште најдолго
  178. шест месеци, по писмено барање на јавниот обвинител, а врз основа на проценка
  179. на корисноста од собраните податоци со примена на мерката и врз разумно
  180. очекување дека со мерката и натаму може да се добијат податоци од интерес за
  181. постапката.
  182. 4. Мерките од членот 252 став (1) точки 9, 10, 11 и 12 на овој закон можат да се
  183. продолжат до остварување на целта за која е определена мерката, а најдоцна до
  184. завршување на истрагата.
  185. 5. Против решението на судијата со кое не се одобрува продолжување на
  186. времетраењето на мерката, по жалба на јавниот обвинител во рок од 24 часа
  187. одлучува советот на судот од членот 25 став (5) на овој закон.
  188.  
  189. ### Член 261
  190.  
  191. Запирање на посебните истражни мерки
  192.  
  193. Кога ќе се постигнат целите заради кои се определени посебните истражни мерки
  194. или ќе престанат да постојат основите заради кои се одобрени, органот што ја
  195. издал или продолжил наредбата е должен веднаш да нареди запирање на
  196. мерките. Ако јавниот обвинител се откаже од кривично гонење или ако собраните
  197. податоци со посебните истражни мерки немаат значење за водење на постапката,
  198. ќе се уништат под надзор на судијата, а за тоа јавниот обвинител ќе изготви
  199. записник.
  200.  
  201. ### Член 262
  202.  
  203. Известување на засегнатото лице
  204.  
  205. По прекинување на посебните истражни мерки, ако тоа не штети на постапката,
  206. по барање на засегнатото лице, јавниот обвинител ќе му ја достави писмената
  207. наредба. Засегнатото лице барањето може да го достави и до судот.
  208.  
  209. ### Член 263
  210.  
  211. Проширување на наредбата
  212.  
  213. Ако при спроведувањето на мерката се добијат податоци за кривично дело кое не
  214. е опфатено со наредбата, мерката ќе продолжи само доколку станува збор за
  215. кривично дело од членот 253 на овој закон и така собраните податоци може да се
  216. користат како доказ во кривичната постапка.
  217.  
  218. ### Член 264
  219.  
  220. Заштита на податоци во врска со посебните истражни мерки
  221.  
  222. Лице кое на кој и да било начин дознае податоци што се однесуваат или
  223. произлегуваат од примената на посебните истражни мерки е должно да ги чува
  224. како службена тајна.
  225.  
  226. ### Член 265
  227.  
  228. Автоматско или на друг начин пребарување и споредување на личните податоци на граѓаните
  229.  
  230. Мерката од членот 252 став (1) точка 5 на овој закон се состои во автоматско или
  231. на друг начин пребарување и споредување на збирките на лични податоци на
  232. лица и на други податоци кои непосредно се поврзани со нив и нивното
  233. споредување со определени карактеристики на лицето за кое основано се
  234. претпоставува дека е во врска со кривичното дело, со цел да се исклучат лицата
  235. кои не се осомничени или да се утврдат лицата кои ги поседуваат
  236. карактеристиките што се потребни за истрагата.
  237.  
  238. ### Член 266
  239.  
  240. Должности за контролорите на збирки на податоци
  241.  
  242. 1. Правните и физичките лица коишто вршат обработка на лични податоци се должни да овозможат непречено извршување на наредбата за примена на мерката од членот 252 став (1) точка 5 на овој закон.
  243. 2. За целите од ставот (1) на овој член правните и физичките лица се должни да gи направат достапни личните податоци што се бараат и да им ги предадат на надлежните органи.
  244.  
  245. ### Член 267
  246.  
  247. Бришење или уништување на собраните лични податоци
  248.  
  249. Ако во рок од 15 месеци по завршување на спроведување на мерката од членот
  250. 252 став (1) точка 5 на овој закон не се поведе кривична постапка, сите собрани
  251. лични податоци се бришат или уништуваат под надзор на судијата на претходна
  252. постапка, јавниот обвинител и претставникот на Дирекција за заштита на личните
  253. податоци за што јавниот обвинител ќе состави записник.
  254.  
  255. ### Член 268
  256.  
  257. Причини за ограничување на примената на посебните истражни мерки
  258.  
  259. 1. Мерката од членот 252 став (1) точка 2 на овој закон смее да се насочи само
  260. спрема осомничениот и да се спроведе само во домот на осомничениот. Мерката е
  261. дозволена и во дом на други лица само врз основано сомневање дека таму
  262. престојува осомничениот.
  263. 2. Снимањето ќе се прекине ако за време на снимањето постојат показатели
  264. дека ќе се пресретнат искази што спаѓаат во основната сфера на приватниот и
  265. семејниот живот. Документацијата за таквите искази треба веднаш да се уништи.
  266.  
  267. ### Член 269
  268.  
  269. Лицата за истрага со прикриен идентитет и нивните овластувања
  270.  
  271. 1. Лицата со прикриен идентитет од членот 252 став (1) точка 10 на овој закон
  272. се припадници на правосудната полиција или исклучиво други лица кои со
  273. одобрение од јавниот обвинител, вршат истрага под прикриен или променет
  274. идентитет.
  275. 2. За потребите на лицата за истрага со прикриен идентитет, може да се
  276. изготвуваат, менуваат и користат лични и други документи и исправи.
  277. 3. Лицата од ставот (1) на овој член имаат право со променетиот идентитет да
  278. учествуваат во правниот промет.
  279. 4. Надлежните државни органи и други правни лица се должни да овозможат да
  280. се изготват документите од ставот (2) на овој член.
  281. 5. Вработените во државните органи и правни лица од ставот (4) на овој член се
  282. должни да ги чуваат како класифицирана информација сите податоци и
  283. информации во врска со изготвување на документите од ставот (2) на овој член.
  284.  
  285. ### Член 270
  286.  
  287. Заштита на тајноста на идентитетот на лицата за истрага со прикриен идентитет
  288.  
  289. Идентитетот на лицата за истрага со прикриен идентитет се чува во тајност и по
  290. завршувањето на постапката, заради заштита на животот, физичкиот интегритет
  291. или слободата на овие лица и на нивните блиски.
  292.  
  293. ### Член 271
  294.  
  295. Известување за примената на посебните истражни мерки
  296.  
  297. 1. Јавниот обвинител на Република Македонија еднаш годишно доставува
  298. извештај за посебните истражни мерки до Собранието на Република Македонија
  299. што се побарани во претходната календарска година.
  300. 2. Во извештајот од ставот (1) на овој член треба да се наведе:
  301. 1. бројот на постапките во кои се наредени посебни истражни мерки согласно со
  302. членот 252 од овој закон;
  303. 2. кривичните дела што служеле како повод согласно со поделбата во членот 253
  304. од овој закон;
  305. 3. дали постапката е поврзана со гонење на организиран криминал;
  306. 4. бројот на набљудувани објекти и бројот на набљудувани лица за секоја
  307. постапка според обвинети и необвинети лица;
  308. 5. времетраење на посебната истражна мерка;
  309. 6. дали од следењето произлегле резултати што се релевантни за постапката или
  310. постои веројатност дека можат да бидат релевантни за постапката;
  311. 7. ако од следењето не произлегле релевантни резултати, кои се причините за
  312. тоа, диференцирано, според техничките причини и други причини и
  313. 8. трошоците кои произлегуваат од примената на посебната истражна мерка.
Advertisement
Add Comment
Please, Sign In to add comment
Advertisement