- Poetika - Alkohol U Venama (LYRICS)
- Владе:
- А вечер да пиеме ќе биде многу добро,
- Јове земи ракија во девет биди на ќошот,
- ќе земам и јас (ха), колку што можам,
- а знаев дека вечерта ќе биде многу долга,
- ме здрви толку што јас неможев да одам,
- од уста место возух мене ми излегваше оган,
- седнавме Марковски да одмориме на скали,
- ни тргна муабетот испивме уште неколку чаши,
- дошло времето кога сите бегаат за дома,
- а нас ракијата ни беше испиена до пола,
- застанавме на нозе но тоа траеше кратко,
- не разбудија по 2 часа, заспани во паркот.
- Стефан:
- А јас бев излезен на роденден кај добра другарка,
- сакав да напраам чест, но се напраив дамла,
- ракијата ми легна исто као лазања,
- една - две, а испоратив и цела пандишпања,
- нема везе, после тоа се осеќав безвезе,
- јас уште бев пијан, а мислев дека сум трезен,
- а лектира на Перо му бубнав уште една стотка,
- пошто беше голем другар да се части една кокта,
- а коа беав дома се осеќав ко во кома,
- праев осумки по патот да незнам на кај да одам,
- и едно време кревам глава гледам дека сум стигнал,
- влевам дома и прво кажав тато - знај дека сум пијан.
- Јове:
- Секој ден без повод но, денес ќе пиеме за спот,
- чашите сите до дно, Поетика сними спот (спот),
- излезе сакав заедно со видео запис,
- а јас толку пијан никогаш не сум се вратил,
- колку што се сеќавам тогаш пиевме вотка,
- а виното ме турна на крај и ми стави сопка,
- за да биде позабавно јас му кажав на сите - бегам,
- еден сат се вртев и паѓав пред куќата на Дејан,
- конечно сите излегоа ме собраа и мене,
- а свесни бевме дека за дома никој не беше спремен,
- се лизгавме на снег а владе пријател со него,
- мене ко да ме мразеше ме турна под контињерот.
- Реф x2
- А ние пиеме и ден и ноќ без престан,
- чашите горе да наздравиме веднаш,
- кој што пие воопшто не е ни битно,
- важно е секој да испие повеќе од литро.
- Јован:
- Ен, два, три, четири мавам на екс, после се иде со лес,
- не е битно дали си при свест или малку бегаш,
- можи сликата ти бега или пак аладин го гледаш,
- шојма врска, еднаш се испијанив јас кај... каде?
- немам појма не ни памтам дури којмаше таму,
- ама за пиење сме сите памук,
- само тури ти во чаша да видиш,
- како ја снемва цела флаша,
- пиеме во гаража, во парк и на плажа, со голема литража,
- не ми треба камуфлажа за да кажам дека сме пијаници прва класа.
- Дејан:
- Епа добро де, тие сме, тоа не го криеме,
- но остави го тоа на страна, денес е именден ке пиеме,
- одиме во кафанче надвор од градот,
- температурата минус 30 но тоа не е толку важно,
- јас ме знаеш добро момче сум и не пијам вино,
- шефе дај ми едно сокче ако нема уште пиво,
- ко за беља или среќа ете пифце лименка,
- една по една пополека сега само седам и гледам,
- веќе е касно, четири сатот, време да одиме дома,
- пештки по патот на мразот влечиме нога по нога,
- купивме кафе од кафематот кога стигнавме до автобуска,
- па секој по дома бавно, како и да е, денес сум тука.